Aвтентични производи

  • Home  
  • Aвтентични производи
Дознајте повеќе за нас

Место за патување за Вашето и Вашето семејство - Автентични производи за Охрид

Сакате авантури?! Не ги пропуштајте

Истражување на Охрид - Со автентични производи до туристичка понуда

Неловски Драган РЕЗБАРСКО АТЕЉЕ ТРОН

  

Опис на производот
  • Сувенири
  • Рачни изработки
  • Дрворез
  • Филигран
Контакт Св.„Цар Самуил“ , 6000 Охрид, Тел: +389 75/ 362-582, email: tronohrid@hotmail.com
Веб-страница или социјални медиуми https://www.facebook.com/woodcarvingTron

Драган Нелоски е уметник-резбар во резбарското ателје „Трон“.Семеен занаетчиски бизнис за рачна изработка на охридски резби на традиционален начин. Резбарското ателје „Трон“ им нуди на домашните и странските гости да научат за традиционалната резба во Охрид и да однесат едно сеќавање на овој прекрасен град. Едни од попопуларните изработки во ателјето се т.н. „сурати“ кои се интересни за помладата публика, бидејќи се необични, но исто така и за странците.Во нивна изработка се среќаваат различни видови на резба,a најчести се традиционалните длабока и плитка резба. Исто така, изработуваат  помодерни дизајни како маските т.н. “сурати”. Преку  Овие необични креации  се чувствува како традицијата се соединува  со модерната уметност. 

Количина со која располага производител - Изработка на 1 m 2  - 2 дена.

Можности за испорака - Можности за лична испорака, брза пошта, карго или DHL  во зависност од местото на купувачот и големината на пратката. 

Стефан Фармакоски АТЕЉЕ ФАРМАКОСКИ

  

Опис на производот
  • Сувенири
  • Дрворез
Контакт Ул.„Климентов Универзитет бр.1“ , 6000 Охрид, Телефон: +389 078 431 614, е-пошта: atelje.farmakovski@gmail.com
Веб-страница или социјални медиуми https://www.facebook.com/woodcarvingTron

Стефан Фармакоски е уметник-резбар во резбарското ателје „ФАРМАКОСКИ“.Семеен занаетчиски бизнис за рачна изработка на охридски резби на традиционален начин.Во нивна изработка се среќаваат различни видови на резба,a најчести се традиционалните длабока и плитка резба.Ателје „ФАРМАКОСКИ“ – Сликата раскажува илјада зборови....затоа јас нема многу да зборувам, нека зборуваат моите дела.....

Количина со која располага производител - Изработка на 1 m 2  - 2 дена.

Можности за испорака - Можности за лична испорака, брза пошта, карго или DHL  во зависност од местото на купувачот и големината на пратката.

Ателје Аини – Охрид Аиноска Ели

  

Опис на производот
  • Сувенири
  • Привезоци
  • Рачни изработки
  • Филигран
Контакт Св.„Цар Самуил бр.24“ , 6000 Охрид, телефон: +389 077/719-184, е-пошта: elli.aini8@gmail.comelli.aini8@gmail.com
Веб-страница или социјални медиуми https://www.facebook.com/p/Atelier-Aini-100063582116005/

Ателје Аини е продавница за сувенири и уметничка галерија. Сопственикот Ели изработува квалитетни, рачно изработени подароци како слатки магнети за маички до прекрасни парчиња накит, брошеви, рачно изработени иглички, држачи за кучеви, закачалки за врати, илустрирани чаши, чинии   и други мали украси. 

Количина со која располага производител - Мала количина на производи, бидејќи станува збор за комплетно рачна изработка и секој најмал предмет се изработува околу 10-тина дена.

Можности за испорака - Брза пошта/карго

Крсте Белев ОПИНЧАР

  

Опис на производот Опинци и други производи од кожа
Контакт ул.„Гоце Делчев“ бр.26, 6000 Охрид, тел: +389(0) 70/249 002

Произвдство на кожни опинци, каиши и други предмети од кожа 

Количина со која располага производител -Стариот мајстор Белев почина 2022 год. така што доколку неговите внуци не го продолжат занаетот, постои можност да згасне оваа понуда во Охридскиот регион. Во моментот располагаат со мали количини на изготвени кожни опинци и каиши.

Можности за испорака - Произвдите се купуваат исклучиво од занаетчискиот дуќан.

Занаетчија Маринов Дизајн – Охрид Маринов Славе

  

Опис на производот Производство на производи од бакар и месинг, уникатни сувенири, накит и практична декорација на домот како светилки и ѕидни часовници
Контакт ул.„Коста Абраш“ бр.44, 6000 Охрид, телефон: +389 71/ 375 764
Веб-страница или социјални медиуми https://www.marinovohrid.com https://www.facebook.com/marinovworkshop

Семејна традиција на изработка на производи и накит од бакар - Уметнички маски, накит, ламби, часовници, уметнички слики од бакрорез, антички шлем

Количина со која располага производител -Уметничките изработки се изработуваат во зависност од обемот на работа, парчето кое то се изработува, но во секој случај и за најмало уметничко дело потребни се неколку денови.

Можности за испорака - Карго/брза пошта/ DHL

АТЕЛИЕР ДУДАН Дудановски Анастас

  

Опис на производот Производство на производи од бакар и месинг, уникатни сувенири, накит и практична декорација на домот како светилки и ѕидни часовници
Контакт ул.„Јане Сандански“ бр.14, 6000 Охрид, тел: +389 70/ 501 573
Веб-страница или социјални медиуми https://www.anastasdudan.com.mk/shop

АТЕЛИЕР ДУДАН изработува експонати во кои доминираат мотиви од културното наследство на Македонија. Експонатите содржат 3 важни карактеристики:
1. Изработени се на традиционален начин
2. Мотивите се од културното наследство на Македонија од различни периоди, почнувајки од V век п.н.е., антички период, Среден век, ХIХ век и др
3. Материјалот е благороден: сребро, злато и бакар (посребра.позлата)
Овие експонати се пригодни за подароци помеѓу бизнис партнери, за репрезентација или при прослави, семинари, конгреси, годишнини, награди за фестивали и др., исто како и за приватни свечени моменти: родендени, свадби, годишнини.
Според желба на клиентот  АТЕЛИЕР ДУДАН (според дадена скица, фотографија и сл.) изработуваат   лого или друг мотив во релјеф поставен на плакета, во рамка, на корица од нотес и др.

Количина со која располага производител - Уметничките изработки се изработуваат во зависност од обемот на работа, парчето кое што се изработува, но во секој случај и за најмало уметничко дело потребни се неколку денови.

Можности за испорака - Карго/брза пошта/ DHL

КОППЕР АРТ Наумоска Данче

  

Опис на производот Производство на производи од бакар и месинг, уникатни сувенири, накит и практична декорација на домот како светилки и ѕидни часовници
Контакт ул.„Гоце Делчев“ бр.108, 6000 Охрид, тел: +389 72/ 271 014
Веб-страница или социјални медиуми https://www.facebook.com/dani.copper.art

Изработка на копии од артефакти, традиционални орнаменти, логоа според барањата на клиентите, слободни уметнички дела и накит.50 нијанси бакарен Охрид, е колекција на уметнички дела со исклучиво охридски  мотиви (охридска пастрмка, архитектура, лебеди, охридски сунѓер).  

Количина со која располага производител - Уметничките изработки се изработуваат во зависност од обемот на работа, парчето кое што се изработува, но во секој случај и за најмало уметничко дело потребни се неколку денови.

Можности за испорака - Карго/брза пошта/ DHL

АРТ СОФТ ГОЛД Милеска Виолета

  

Опис на производот Рачно изработен накит и сребро, злато и полускапоцени камења.
Контакт Ул.„Македонски Просветители , ТЦ АМАМ 6000 Охрид, Тел:
Веб-страница или социјални медиуми https://www.facebook.com/ArtSoftGold

Рачна изработка на уникатен  накит од сребро, злато и полудраги камења

Количина со која располага производител - Уметничките изработки се изработуваат во зависност од обемот на работа, парчето кое што се изработува, но во секој случај и за најмало уметничко дело потребни се неколку денови.

Можности за испорака - Карго/брза пошта/ DHL

Друштво за производство трговија и услуги МЕК СИЛВЕР ДООЕЛ увоз-извоз Охрид Елена Укоеска

  

Опис на производот Рачно изработен накит и сребро, злато и полускапоцени камења
Контакт Св.„Цар Самоил“ бр.38, 6000 Охрид, телефон: +389(0) 78/ 423 670
Веб-страница или социјални медиуми https://www.facebook.com/EUDelegationtoMK/posts/933636353714219/

Oбетки изработени со филигран и македонски рубин, брошеви со македонски рубин, прстени, алки и ланчиња. Исто така, Елена   изработува  филигран накит по  желба на клиентите.

Количина со која располага производител - Уметничките изработки се изработуваат во зависност од обемот на работа, парчето кое што се изработува, но во секој случај и за најмало уметничко дело потребни се неколку денови. 

Можности за испорака - Карго/брза пошта/ DHL

Филигранист УКОЕСКИ Укоески Митко

  

Опис на производот Рачно изработен накит и филигрански предмети со заштитен македонски рубин
Контакт Св.„Климент Охридски“ бр.40, 6000 Охрид, телефон: +389(0) 78/423 670
Веб-страница или социјални медиуми https://www.facebook.com/profile.php?id=100057490927941

Митко Укоески е филигранист кој занаетот го негува во дуќанот на единствениот Вангел Деребан во Охрид. Филигранската традиција од два века на семејството на мајстор Деребан денес со пет мајстори ја чува жива во срцето на охридската чаршија. Дуќанот на мајстор Деребан, сега е музеј на филигран, работилница и од наскоро школа.Најпознати изработки се Охридската пеперутка, наруквивата фишеклија и галичките копчи.  Единствена занаетчиска работилница која е овластена за промоција и продажба на заштитена трговска марка македонски рубин.

Количина со која располага производител - Уметничките изработки се изработуваат во зависност од обемот на работа, парчето кое што се изработува, но во секој случај и за најмало уметничко дело потребни се неколку денови. 

Можности за испорака - Карго/брза пошта/ DHL

Филигранист Пипилева Маријана

  

Опис на производот Рачно изработен накит и филигрански предмети
Контакт Св.„Климент Охридски“ бр.40, 6000 Охрид, телефон: +389(0) 77/944-004
Веб-страница или социјални медиуми https://www.facebook.com/m.pipileva

Мотивите кои ги изработува денес  Филигранист Шикалеска  се од филигранска жица со различни геометриски фигури од цветови до животни.

Количина со која располага производител - Уметничките изработки се изработуваат во зависност од обемот на работа, парчето кое што се изработува, но во секој случај и за најмало уметничко дело потребни се неколку денови. 

Можности за испорака - Карго/брза пошта/ DHL

Филигранист Шикалеска

  

Опис на производот Рачно изработен накит и филигрански предмети
Контакт Св.„Цар Самуил“ бр.8, 6000 Охрид, телефон: +389(0) 78 331 775
Веб-страница или социјални медиуми https://womenpoweron.com/store/pavlina https://www.facebook.com/pavlina.sikaleska

Мотивите кои денес ги изработува филигранистот Шикалеска се изработени од филигранска жица со различни геометриски фигури од цвеќиња до животни.

Количина на располагање на производителот -Уметничките дела се изработуваат во зависност од обемот на работа, парчето што се прави, но во секој случај и најмалото уметничко дело трае неколку дена.

Опции за испорака - Карго/Експрес пошта/ДХЛ

ОХРИДСКИ БИСЕР Климент Талев и синот ДОО Талески Климент

  

Опис на производот „Талеви“ е најпознатото семејство кое се занимава со изработка на Охридскиот бисер – традиција долга 90 години. Презимето Талеви е синоним за уникатни, природни бисери. Бизнисот се пренесувал од генерација на генерација, само од татко на син.
Контакт Св”Климент Охридски” , 6000 Охрид, Телефон: +389(0) 71 261 216
Веб-страница или социјални медиуми https://talevi.mk https://www.facebook.com/ohridskibiser

Сертифициран оригинален охридски бисер со географско потекло Фамилијата Талеви од 1924 година. Уникатен бисерен накит, комбиниран со филигран и сребро. Сите парчиња накит се рачно изработени според традиционалната патентна заштита.

Количина на располагање на производителот -Времето потребно за правење низа бисери зависи од дијаметарот на зрното, како и од должината на самата врвка. Колку е помало зрното, толку повеќе време е потребно за да се направи, и обратно, колку е поголемо зрното, толку е пократко времето за да се направи.

Опции за испорака - Карго/Експрес пошта/ДХЛ

СВ.НАУМ ОХРИДСКИ Паневски Нино

  

Опис на производот Паневски Нино, син на сопственикот на работилницата, во разговор за Anadolu Agency (AA), го објаснува овој стар начин на производство на хартија. Паневски користи сито со дрвена рамка и жичана мрежа, како и опрема за одводнување и сушење, а покрај содржината на дрвени влакна во производството на хартија, се користи и на памук.
Контакт Св.„Цар Самуил бр.60“ , 6000 Охрид, Телефон: +389(0) 78 266 788
Веб-страница или социјални медиуми /

Во Националната работилницата Св.“Наум Охридски”се изработуваат широка палета производи од хартија пред се сувенири кои се продаваат. Со апликаиите што ги ставаат на хартија како четирите евангелија и други извадоци од Библијата и од животот на првите христијани овие производи сами по себе имаат автентична вредност како и најразлични икони и фрески слики на познати светци. Потоа има тетратки со дебели кожни корици кои се нивно сопствено производство, различни апликации за моливи и други помагала, рамки за слики со мотиви од христијанството, значки кои се особено популарни за младите, најразлични други школски предменти, црно бели слики, охридски пејсажи како и фотографирани кадри од охридската архитектура и слични производи кои се барани од посетителите со најразлични големини

Количина со која располага производител - За да се изработи еден лист хартија на природен начин, потребни се околу 29 дена. Најдолг е процесот на инкубација на честичките, кој трае 23 дена.  обратно, колку е поголемо зрното потребно е пократко време за изработка. 

Можности за испорака - Карго/брза пошта/ DHL

БИСЕРИ НА ДР. ПАВЕЛ М. ФИЛЕВ Филев Павел

  

Опис на производот Производител на изворни охридски бисери со семејна традиција од 1928 година
Контакт Ул.„Цар Самуил бр.10“ , 6000 Охрид, Телефон: +389(0) 78 966 204  Email:ohridpearls@gmail.com
Веб-страница или социјални медиуми https://ohridpearl.com/ https://www.facebook.com/OriginalPearlfilevi/

Семејствотo Филеви има богатата и долга семејна традиција како изработувачи на оригналниот охридски бисер, која датира од 1928 г. Ендемскиот вид на риба плашица поточно крлушките се тајната за изработка на емулзијата која се премачкува на седефните зрнца.  Охридскиот бисер со единствен мотив ja чува долгата традиција и значењето како бренд на Македонија и бесценет камен во културата на Македонија. Семејството Филеви изработуваат уникатен накин од охридски бисер, во кој што доминира класичниот софистициран и рефинет дизајн, но исто така тие воведуваат и иновации во согласност со новите технологии како што е бисер со оксидни бои. Ги возобновуваат сите антички накити со локални материјали кои потекнуваат од Македонија и изработуваат вредни реплики. Возобновени се сите модели кои ги носеле и носат  сите кралици и познати дами низ историјата.

Количина со која располага производител - Уметничките изработки се изработуваат во зависност од обемот на работа, парчето кое што се изработува, но во секој случај и за најмало уметничко дело потребни се неколку денови.

Можности за испорака - Карго/брза пошта/ DHL

Добредојдовте во Охрид, стариот град на светлината со богато културно и историско наследство во кој голем број цивилизации оставија свој белег. Добредојдовте на магичното место каде на неверојатен начин се мешаат културното и природното наследство заедно со гостопримството, град за кој многу светски трагачи по убавина го нарекуваат овој град – македонски дел од рајот.

© 2024 Visitohrid.com.mk All Rights Reserved.