За регионот

з
а
Р
е
г
и
о
н
о
т
-
О
х
р
и
д
и
о
х
р
и
д
с
к
о
е
з
е
р
о

Истражување на Охридското Езеро: Охридското Езеро е длабоко и кристално чисто. Можете да се нурнете во води стари над 2 милиони години.
Плажите се привлечни, а погледот на околните планини е навистина импресивен.

З
а
р
е
г
и
о
н
о
т

Охрид е град во југозападниот дел на Македонија и административен центар на истоимената општина. Се наоѓа на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија. Охрид е осми град по број на жители во Македонија со вкупно население од 38.818 жители (2021 г).

Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „Градот на Светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име — Лихнид. Охридскиот Регион е вклучен во светското наследство на УНЕСКО.

Добредојдовте во Охрид, стариот град на светлината со богато културно и историско наследство во кој голем број цивилизации оставија свој белег. Добредојдовте на магичното место каде на неверојатен начин се мешаат културното и природното наследство заедно со гостопримството, град за кој многу светски трагачи по убавина го нарекуваат овој град – македонски дел од рајот.

© 2024 Visitohrid.com.mk All Rights Reserved.