Истражете го Охридското Езеро и уживајте во виното и музиката! „ во виното е вистината“
„Охридското вино станува една од главните атракции на туристичката понуда. Туристите го сакаат Охрид поради езерото, културните знаменитости, религиозните знаменитости и храната, но од неодамна се повеќе го избираат винскиот туризам.
„Се отвораат се повеќе мали винарии кои нудат дегустации на вино меѓу лозјата со поглед на езерото, надополнети со традиционалната охридска храна. Во последните години алтернативните видови туризам се во пораст низ целата земја и се повеќе се нудат како еден поинаков начин да се доживее локалниот туризам, познат и како „енотуризам“, е меѓу најпопуларните трендови во светот на туризмот во моментов, бидејќи претставува совршен спој на предизвикувачка активност и хедонизам.А нашата Македонија со својата местоположба, клима и гостопримство се наметнува како една од земјите со најголем потенцијал за развој на енотуризмот како клучен сегмент од туристичката понуда“.
1.
2.
Добредојдовте во Охрид, стариот град на светлината со богато културно и историско наследство во кој голем број цивилизации оставија свој белег. Добредојдовте на магичното место каде на неверојатен начин се мешаат културното и природното наследство заедно со гостопримството, град за кој многу светски трагачи по убавина го нарекуваат овој град – македонски дел од рајот.