Носител: Друштво на писатели на РСМ; НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија
Носител: НУ Центар за култура; НУ Градска библиотека “Григор Прличев”; Завод и музеј – Охрид во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: НУ “Центар за култура”; НУ Градска библиотека “Григор Прличев”; ООУ “Григор Прличев”; Завод и музеј – Охрид и Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија
Носител: Завод и музеј – Охрид во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.
Носител: Комисија за одбележување на празници и манифестации, доделување награди и признанија, МЗ Ливоишта, АРМ
Ванчо Николески истакнат македонски романсиер, раскажувач и поет. Представник е на првата повоена генерација македонски писатели за деца и млади, онаа генерација што во литературата влезе непосредно по ослободувањето.
Николески е роден на 10 јуни 1912 година во село Црвена Вода, Дебарца, Охридско. Основно училиште завршил во родното место, гимназија во Охрид а учителска школа завршил во Скопје. Тој е еден од првите учители, кој низ селата на штотуку ослободената Дебарца од бугарскиот окупатор учителствувал на македонски јазик. Тоа е период кога за еден изговорен збор на македонски јазик се одело во затвор и време кога не постоеле планови и програми за настава, а Николески сам ја презел тешката, одговорна, но и благородна работа да пишува текстови на македонски јазик и со нив да држи настава. По ослободувањето работел како новинар и уредник во весниците за деца “Титов Пионер“ и “Пионерски Весник“, како и во емисиите за деца емитувани на радио-Скопје и радио-Битола. Значаен дел од својот работен век поминал во Битола како истакнат просветен работник и пензионер. Својот животен и творечки пат го завршил во Охрид на 15 април 1980 година. Уште како ученик и млад учител пишувал песни за деца па во периодот од 1945-1960 тој бил најприсутниот македонски автор во детската литература. Децата и детството биле негова постојана тема и инспирација. Детските весници, читанките и најпознатите антологии на македонската литература за деца се збогатени со прекрасните песни на овој плоден творец.
Своите први поетски творби ги објавил во детскиот весник “Титов Пионер“. Негови најпознати дела се поемата “Мице“, “Мое село“(песни), “Чудотворен кавал“(раскази), “Четиринаесет илјади ослепени“(историска поема за времето на Цар Самоил), “Волшебното самарче“(роман), “Гоце Делчев“(роман) и многу други.
Бил член на Друштвото на Писатели на Македонија од 1950 година.
Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои најзначајни се: “Климент Охридски“, “Младо Поколение“, “Курирче“, “11 Октомври“, “Змаева награда“ и многу други.
Пред 16 години, на 13 јуни 2006 година, почина охридскиот сликар Вангел Наумоски, еден од најуникатните примери на уметници кои со своите дела го обиколија светот и светот го донесоа во Охрид. Велат дека неговите поетски слики излегуваат од чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста на космосот, стојат на границата меѓу сонот и јавето, царствата на растенијата, цвеќето и убавината на Охридските нимфи.
Славниот Салвадор Дали на изложбата на Вангел Наумовски во Галеријата „Мона Лиза“ во Париз во 1970 година ќе рече : „Ова е сликар од бајките. Тој е наивен сликар, но Медитеранот оставил силен печат на него. Мошне е префинет и суптилен. Ова е комплетна изложба. Неговото сликарство е блиско до моето. Мене не ме интересираат обичните наивни сликари. Кај Наумовски има елемнти кои може да бидат дури и научни. Исто така интересна е и биолошката страна на неговото сликарство“.
Вангел Наумовски, е роден во Oхрид во 1924 година. Се запишува во Средното уметничко училиште во Скопје, но во 1947 година е исклучен од истото како „неталентиран“. Првата негова работа е цртач во ателјето за резба во Охрид, додека неговата прва изложба е во родниот град Охрид во 1954 година. Има изложувано на над 30 самостојни и 100 групни изложби, а неговите дела се наоѓаат во многу музеи во Македонија и низ светот. После следувале нови изложби и награди и признанија. Првпат во странство Наумовски се претставил во 1961, додека во 1967 година станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, кое на изложба во 1969 година му ја доделил наградата „Свадбен венец”. Истата година градот Охрид му ја доделил наградата за сликарство „Седми ноември”, година која е забележана и по неговото целосно преминување во сликарството како слободна професија.
Во 1974, Наумовски е награден со Гран при за сликарство од Колекцијата „Винстон” во Женева, ја добил и наградата за сликарство „Нерешки мајстори” на ДЛУМ, а во 1979 година стана член на италијанската Academia Italia de belle Arti e del Lavoro, од каде што е номиниран и за академик. Во Италија е награден и со Premio d’ Italia 1980. На првото Биенале на југословенската самоука ликовна уметност во Светозарево во 1981 година добил откупна награда, а во истата година и награда за цртеж од Музејот на современата уметност во Скопје. Во 1984 година италијанскиот Centro Studi e Ricerche delle Nazioni му ја доделил наградата „Premio Mondale della Cultura” и „Statuata della Vittoria 1984″, a Academia de Europa од Италија наградата „European Banner of arts” со златен медал. Во 1982 година македонскиот режисер Александар Ѓурчинов снимил филм за Наумовски, во кој се прикажува неговиот живот и творештво. Починал на 13 јуни 2006 година во Охрид.
Вангел Наумовски беше чуден човек, велат неговите современици. Тој беше и архитект, скулптор, поет, музичар. Во различни свои уметнички изразувања се потипишуваше како Нав Муан, Ван Сан Скребатски или како Сараван. Неговите дела се изложувани во многу познати галерии, а ги красат домовите на многу познати личности во светот.
Носител: Друштво на ликовни уметници и Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: ЕЛС Охрид, МЗ Велгошти, НУ Библиотека” Григор Прличев”, ОУ “Живко Чинго”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Коста Шахов од Охрид е една подзаборавена, но многу значајна личност од македонската национална историја. Тој е неодминлив деец во македонската национална и културна историја кој е заслужен во неговата работа на полето на новинарството во втората половина на деветнаесеттиот век и првите две децении на дваесеттиот век.
Коста Шахов е првитот претседател на Младата македонска книжовна дружина, член на т.н „Македонски комитет“ од 1895 година, на чело со Трајко Китанчев, претходно член е на „Братскиоот сојуз“ и член на Македонското студентско друштво во Софија од 1890 година. По политичка ориентација тој е буржоаски либерал, член на Либералната партија – радослависти во Софија.
Тој се појавува како сопственик или како главен и одговорен уредник на 11 весници. Освен весникот „Македонија“(1888-1893), Коста Шахов ги издавал и весниците „Дневни Новини“(1890), „Странник“(1891), „Глас македонски“(1893-1898), „Борба за слобода на Македонија“ и Одринско(1899), „Балкански ек“ (1900), „Македонија“(1908-1912), „Балканска зора“(1912). Но, сто тоа не се исцрпува неговата новинарска дејност. Шахов, исто така, соработувал во многу други весници, како што се „Реформи“ (1899), Дебарски глас(1909), „Дебар“ (1905) и др., а, исто така, и во списанието Лоза „1892“.
Личноста и делото на публицистот и раскажувачот Коста Шахов, се типичен модел во проучувањето на развојни просеци, и состојби, на автори и дела на кои македонската наука се уште не им посветила соодветно внимание.
Целокупното дело на Шахов претставува посебно значајна алка на извонредно многу попречуваниот македонски национален развој. Не занемарувајќи ги претпоставките за недоволното внимание кон Шахов од страна на македонската наука, наспроти неговата извонредно значајна илога во македонскиот национален развој, потребно е натамошно проучување ко ќе се стреми кон синтеза на вредностите на Шахов на повеќе рамништа, но секогаш толкувани и вреднувани од позиција и со мерилата на неговото време.
Студијата „Коста Шахов Публицистика“ од Томе Груевски се занимава пред се, со неговата новинарска и публицистичка дејност и неговиот придонес во македонското револуционерно дело што го започнале плеада македонски национални дејци како што се: Даме Груев, Гоце Делчев, Димитар Мирчев, Крсте Мисирков, Петар поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Ѓорче Петров и други. Таа претставува само доследно оддолжување кон овој македонски неуморник од крајот на XIX и од почетокот на XX век, но и пополнување на една голема празнина за истражувачките и аналитичките интенции на македонската публицистика и литературна историја.
Станува збор за најактивниот македонски публицист од втората половина на XIX век и првите две децении на XX век. Се разбира, Коста Шахов со неговото журналистичко дело е рамо до рамо со Ј.Х. Константинов Џинот, со Рајко Жинзифоф, Димитар Василев Македонски, Стефан Јакимов Дедов, Арсениј Јовков и другите македонски дејци, публицисти и литературните раскажувачи од своето време.
Коста Шахов е книжевен деец и тоа е посебно поглавје во историјата на македонската литература од крајот на XIX век и првите две децении на XX век. Раскажувачкиот опус на писателот Коста Шахов опфаќа повеќе книги раскази: „Зугра“, „Стојан војвода“, „Албанска вдовица“, „Имам Али ефенди“, „ Несреќниот Стојко“ и „Миленко“, „Не се трае“, „Кога народот ќе ја промени својата врховна власт“, „Тутракан“ и „Даноците“. Повеќето од овие наслови се објавени во весникот „Македонија“ од 1888 година во рубриката “ Раскази“, но подоцна Шахов во 1893 година ги објавил во Софија, како посебни книшки. Всушност тоа се вистински приказни од животот на македонскиот народ каде жигосуваат ропството и тиранијата на османлиите врз невиното македонско население.
Проследувајќи го развојот на македонската проза од почетокот на XIX век, и низ споредбени интенции доаѓаме до современиците на Шахов од редот на македонските литературни творци: Евтим Спространов, Атанас Раздолов, Христо Калчев, Васил Пасков, Никифор Попфилипов, Петар Стојков и уште некои други творци и на оваа “поприлично затемната епоха и развојна етапа од македонската литературна историја“. Натамошни доистражувања и синтези на овој план би биле интересен прилог кон задоцнетите но нужни дорекувања на македонската литературна наука.
Вреднувајќи го делото на овој знаменит „Еден македонец“ од аспект на времето во кое дејствувал Шахов, оваа студија настојува да ја покаже долготрајната и неотстаплива посветеност на Шахов на македонското прашање, односно на македонскиот колективен сон за слобода и самостојност.
Коста Шахов беше соборец со највидните револуционери и дејци на Внатрешната македонска револуционерна организација: со Гоце Делчев, Даме Груев Петар Поп Арсов, Ѓорче Петров, Иван Хаџи Николов и др., а неговиот весник „Глас на македонски“ (1893)на почетокот беше и орган на Организацијата. Од анализите на текстовите во статиите објавувани во неговите весници, тој секогаш дозволува да провејуваат „македонистичките идеи, иако често од нив се оградува“. Шахов, секогаш е до гледиштата на политичкиот сепаратизам на угледните водачи на македонската револуционерна организација. Тој секогаш го брани автономнистичкиот принцип и и се застапува за „немешање отстрана на македонското револуционерно дело“. Имено, Шахов го предложил Гоцета Делчев за член на Македонската револуционерна организација и ја организирал средбата со Иван Хаџи Николов во Софија.Тоа го прави со големо задоволство. Со тоа Шахов, можеби одиграл пресудна улога во развојот на македонското национално – ослободително дело, а самиот Коста станал нивен соучесник – соработник на македонската организација што биле формирана на 23 октомври 1893 година во Солун. Коста Шахов низ целиот творечки работен век е целосно посветен на македонската емиграција и решавањето на македонското прашање. Заедно со Шахов сите македонски револуционери и национално – културно дејци го сонуваа сонот за „Самостојна Македонија“, „Независна Македонија“, „Автономна Македонија“.
Носител: Здружение на новинари на Република Македонија, Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.