Богата музичка програма и неповтрлива забава за охриѓани и туристите ќе донесе третото издание на Ohrid Wine Festival кој ќе се одржува од 27-ми до 29-ти јуни во Охрид, на Кеј Македонија, пред хотел „Палас“.
-На отварањето на фестивалот на 27.06.2024 (четврток) на сцената ќе настапат Backdoor band, Миле Кузманоски и „Куку леле“.
-Вториот фестивалски ден на 28.06.2024 (петок) е резервиран за Urban planet, Next time и Brass brothers.
-Третиот фестивалски ден на 29.06.2024 (сабота) за забавата ќе бидат задолжени „Балканико“, „Ареа“ и Влатко Лозановски.
Забавата со македонските музички артисти ќе биде надополнета со дегустацијата на македонските вина и вкусната храна.
Покровител на овој тридневен фестивал е Општина Охрид, а истиот е организиран од „Крафт Продукција“.
Во рамките на програмата на општина Охрид наменета за најмладите, под мотото Културата расте со децата, 19.07.2024 година, петок со почеток во 20:30 часот на сцената кај ТЦ Амам ќе се одржи детската балетска претстава “Barbie” во изведба на охридско детско балетско студио Наталис студио
Носител: НУ “Центар за култура”; НУ Градска библиотека “Григор Прличев”; ООУ “Григор Прличев”; Завод и музеј – Охрид и Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија
ОПШТИНА ОХРИД ВЕ ПОКАНУВА НА СВЕЧЕНОСТИТЕ ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 2-РИ АВГУСТ – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА
121 ГОДИНА ОД ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ
80 ГОДИНИ ОД ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ
Програма:
01.08.2024 година (четврток)
20.30 часот
„Ноќ спроти Илинден“
- Обраќање на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков
- Полагање цвеќе пред спомен- обележјето на Илинденците;
- Културно – уметничка програма
- Настап на учениците од ООУ „Живко Чинго од Велгошти“;
- Танцов перформанс на МКЦ „Соната“;
- Настап на познатата македонска виолинистка Сања Зјделар
Место : с.Велгошти
02.08.2024 година (петок)
10.00 часот
- Полагање цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците;
Место : градски парк
10.20 часот
- Полагање цвеќе пред спомен – обележјето на Илинденците
Место: Прентов мост
10.30 часот
- Историски час
- Културно – уметничка програма
Место : с.Плаќе
Носител: Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделувања награди и признанија.