ОПШТИНА ОХРИД ВЕ ПОКАНУВА НА СВЕЧЕНОСТИТЕ ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ: 120 ГОДИНИ OД ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ
Програма:
01.08.2023 (вторник)
- 00 часот
- Промоција на книга: „Охридскиот XIX век“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски;
- Промотор проф.д-р Лилјана Гушевска;
- Културно-уметничка програма;
- Место: Oпштина Охрид (голема сала)
- 00 часот
- „НОЌ СПРОТИ ИЛИНДЕН“
- Полагање свежо цвеќе пред спомен- обележјето на Илинденците;
- Историски осврт кон Илинденското востание и неговото значење, м-р Михаил Патчев;
- Културно-уметничка програма;
- Meсто: Спомен – обележје на Илинденците, с.Велгошти
02.08.2023 година (среда)
- 00 часот
- Полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјата на Илинденците
- Meсто: Спомен – обележје на Илинденците, Градски парк
- 20 часот
- Полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјата на Илинденците
- Место: Спомен – обележје на Илинденците, Прентов мост
- 30 часот
- Полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјето на Илинденците
- Културно-уметничка програма
- Meсто: Спомен – обележје на Илинденците, с.Плаќе
Носител: Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Во недела, на 6-ти август во Пештани ќе започне годинешното културно лето. Манифестацијата “Културно лето Пештани“ која веќе стана традиционална ќе трае шест дена.
Сите уметности: ликовна, книжевна,музичка и драмска ќе бидат споени во една целина.
Љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во миксот од серенадите, сериозната и народната музика.
Исто така присутните ќе бидат почестени со поезиа и проза како и доза на хумор.
Свеченото отворање ќе биде на 06. Август 2023 година со почеток во 20.30 часот на самиот брег, во центарот на Пештани.
На 07. Август со почеток во 20.00 часот ќе има гастрономска вечер, каде присутните ќе можат да вкусат од прекрасните традиционални јадења од езерското крајбрежје.
Од 08 до 11.август со почеток во 17.00 часот ќе се реализира сликање и цртање на зајдисонце како и изложување на ракотворби од културната работилница.
Манифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение “ARTE AZZURRA” со поддршка на Општина Охрид.
Илина Митревска е 21 годишна соло пејачка од Скопје. Студира на Конзерваториумот “Giuseppe Tartini” Во Трст, Италија, под менторство нa реноминираниот Италијански сопран – Паолета Марроку.
Нејзиното средно образование го завршува во музичкото училиште во Скопје, при одделот за соло пеење, во класата на Проф. Гонца Богоромова Краповски, воедно како дел од вокалната академија на проф. Ана и Игор Дурловски. Интензивно работи со првенецот на Македонската Опера и Балет, тенорот, проф. Ѓорѓи Цуцковски како и првенката Проф. Славица Петровска Галич. Во 2020та, ги почнува студиите со белканто мајсторот – Лорензо Регацо.
Во нејзиното досегашно учење се стекнува со голем број настапи: Солистички настап со Македонската Филхармонија, Солистички концерт во Софија, под диригентската палка на маестро Христо Христов. Учествуваво фестивали како Скопско Лето, Звуците на Чаршијата.
Спроведува рецитали и настапи низ Трст, Скопје, а после настапот во 2022та Во Рим, е редовно поканета на Фестивалот “Concerti del Tempietto”
Во 2023та е избрана да ја толкува улогата на Дидо од операта “Дидо и Енеа” на Хенри Парсел, во театарот Џузепе Верди во Муџа.
Има учествувано и освоено награди на повеќе меѓународни натпревари во Италија, Македонија, Белград, Бугарија, како Балканската Романсијада, Натпреварот “Лазар Јованович”, “Полихимнија”
“Neapolitan Masters”, “Art-In”, “Città di Belluno” “London Classical Competition”, Итн.
Учествува на мастер-курсеви учејќи од имиња како: Николас Ишервуд, Алесандро Валентини, Милан Сиљанов, Благој Нацоски.
Камерната Музика ја усовршува под менторство на диригентот, Проф. Ромоло Џеси.
Сценската уметност ја развива со Режисер, Проф. Росалба Тревизан, но пред се ја стекнува од нејзината мајка, актерка – Проф. Валентина Божиновска.
Во пресрет на триесет и петтото издание на „Поетска ноќ во Велестово“ в сабота на 12 август од 13:00 часот на сретсело во Велестово, свечено ќе биде откриена скулптурата „Раката на поетот“ од уметникот Никола Пијанманов, инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке. Скулптурата е донација од уметникот за фестивалот, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.
Истиот ден, со почеток од 18:00 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Прелудиум“ – преднастан на јубилејната 35. Поетска ноќ во Велестово, на кој ќе читаат девет поети од пет земји: Марија Дејановиќ (Хрватска), Ким Симонсен (Фарски Острови), Танос Гогос (Грција), Марио Де Роза (Италија), Марко Грегур (Хрватска), Долорес Атанасова ‒ Лори, Ѓоко Здравески, Марина Икономова Шокева и Сашо Огненовски од Македонија.
35. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
ПОСТЕРОТ ЗА ГОДИНЕШНОТО ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО Е ПОСВЕТЕН НА ВРАЌАЊЕТО НА ЕВРОПСКИОТ ЕЛЕН НА ГАЛИЧИЦА
Програма
Поврзани вести:
Jubilarno izdanje festivala Pesnička noć u Velestovu
Петок, 18.08.2023. Локација: Велестово
- 21:00 часот: Свечено отворање:
– САМОДИВИ (панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес) ‒ Поетско читање и промоција на книгата.
Учесници: Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Лидија Димковска, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева, Павлина Атанасова и Марија Велинова.
– Интернационално поетско читање
Учесници: Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија) и Шпетим Селмани (Косово).
- 22:30 часот: Ликовна изложба: Тони Попов
Локација: Тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово.
Сабота, 19.08.2023. Локација: Конгресен центар на УКИМ во Охрид, покрај Охридското Езеро
- 17:00 часот: Ново раѓање на зборот – антологија на македонската млада поезија, избрале и уредиле Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски. Промоција на книгата и поетско читањеПромоција на книгата и поетско читање во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Поети учесници: Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски, Марија Велинова, Исток Ј. Улчар, Павлина Атанасова, Макрина Јорданова, Емануела Ковачевска Китановска, Јована Стаматовска.
- 18:00 ч.: Поезија – Залез: Интернационално поетско читање во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Учесници: Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија), Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Сузана Мицева, Љубица Шопова и Делвина Крлуку од Македонија.
Недела, 20.08.2023. Локација: Охрид
- 11:00 до 13:00 часот: Локација: Гимназија „Св.Климент Охридски“, Охрид.
OH READ #2 Работилница за креативно пишување и дијалог преку преведување поезија, наменета за млади.
Учесници: Ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и други млади луѓе, млади поети, писатели и/или преведувачи.
Поети: Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија) и Павлина Атанасова (Македонија). Сите други поети се добредојдени да се приклучат.
- 18:00 ч: Локација: кафе и бар ШИЛА, Охрид
OH READ #2 Интернационално поетско читање (I): Павлина Атанасова (Македонија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово) и Марија Костиќ (Србија)
19:00 ч: Дебата за важноста на литературните преводи со учесниците и публиката.
Интернационално поетско читање (II): Феликс Шилер (Германија), Перица Сарџоски (Македонија) и Андреј Медиќ Лазаревски (Македонија).
САМОДИВИ: Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева и Марија Велинова.
Спонзори: Општина Охрид, РЕАД, Министерство за култура, Комерцијална банка, Пелистерка, Пупе компани,
Помагатели: Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, ПНВ Публикации, кафе и бар „Шила“, ОСУ „Св. Климент Охридски“, ресторан „Домаќинска куќа“, пицерија „Немо“, апартмани „Немо делукс“, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово.
Медиумски покровители: Охрид њуз и Култура Бета.
Носител: Здружение “Поетска ноќ Велестово”, Комисија за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Програма:
31.08.2023 година (четврток)
Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“ ;
Гости:
Танче Гроздановски (гитара);.
Ратко Даутовски (перкусии)
20.30 часот
Црква „Св. Софија“ (предворје)
01.09.2023 година (петок)
„Музички хоризонт“ – Џон И.Апелгрен (квартет);
20.30 часот
Црква „Св. Софија“ (предворје)
Носител: Завод и музеј – Охрид, Државен архив на Република Македонија п.е Охрид, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: Сојуз на борци во соработка со Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: Комисија за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.