Calendar

Jul
19
Wed
BEACH FILM FESTIVAL
Jul 19 – Jul 23 all-day

Од 19-ти до 23-ти јули во Охрид ќе се оддржува шестото издание на Beach Film Festival. Овогодинешната програма нуди многу филмски проекции, мастер класови и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младински Центар Охрид.

Љубителите на фимот ќе имаат можност да погледнат 8 долгометражни играни филмови, 16 краткометражни, 9 студентски, 5 француски (земја во фокус Франција) и 4 специјални проекции. Фестивалот се отвора со краткометражниот филм „Сценарио“ на Александра Кардалевска и долгометражниот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, а ќе се затвори со словенечкиот филм „Нешто слатко“.

Beach Film Festival

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА „ВО ДОМОТ НА ВОЛШЕБНИКОТ“
Jul 19 all-day

Општина Охрид во рамките на програмата за култура оваа година активно работи на  програма за нашите најмлади охриѓанчиња.

На 19 јули на сцената кај ТЦ Амам најмладите ќе имаат прилика да   ја проследат театарската претстава за деца ,,Во домот на Волшебникот”. Претставата е работена наменски и е посветена на децата. Токму овој период кога во регионот сериозно е видливо насилството помеѓу децата, а и кај нас, нужна е потребата преку театар да се прикаже дека за секој проблем и недоразбирање не е решение насилството, туку разговорот, меѓусебното подавање на рака, искреното пријателство. Низ низа драмски ситуации во кои главната нитка е мудроста на волшебникот, наспроти денешното однесување на децата, ќе упатиме јасна порака: Со насилство НЕ, со дружба може СЕ!

Во претставата има многу комичнини, едукативни, педагошки елементи, но што е најважно интеракцијата на децата од публиката е многу присутна. Важноста заедно со актерите ќе дојдат до главната порака на претставата, а притоа да увидат дека само преку искрен и другарски пристап можеме да успееме во се.

Претставата изобилува со преубава музика, сценографија и костимографија. Во неа играат актерите кои децата ги познаваат од народните приказни: Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски, а покрај нив игра и младата Тамара Ангелеска

Улогата на Волжебникот ја игра актерот Сашо Ристовски, а улогата на помошничката ја игра актерката : Магдалена Ризова-Черних ,улогата на девојчето ја игра Тамара Ангелеска.

Jul
20
Thu
12. ИЗДАНИЕ „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ ВО ТРПЕЈЦА
Jul 20 – Jul 28 all-day

Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на општина Охрид од утре до 28 јули во селото Трпејца ќе се одржи културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

Утре, четврток 20 јули, приустните ќе можат да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.

Во петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видео презентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. Во сабота навечер публиката ќе го гледа документарно – туристичкиот филм „Трпејца на дланка“ работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20:30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

Во понеделник на 24 јули во Трпејца ќе гостува бендот 3.0 ( три промили ) а денот потоа е резервиран за традиционалната Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

Во среда на 26 јули од 19:30 часот посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе можат да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.

Час подоцна ќе следи интересната видео презентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од  фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од  културното лето во Трпејца е резервирана за Драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од  дванаесеттото издание на „зајдисонцето“ охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата  „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески – Мац.  

Jul
28
Fri
ДЕТСКИ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ „ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА BY JANA“
Jul 28 all-day

Општина Охрид преку Програмата за култура продолжува да создава приказни за најмладите. Овој пат на сцената во Охридската чаршија, ќе уживаат во најновото издание на Детскиот музички фестивал „Весели ѕвончиња by Jana“

Најновото 5-то јубилејно фестивалско издание ќе се одржи во петок, на 28.07.2023 година со почеток од 20 часот на бината во Охридската чаршија.

Уметнички директор на фестивалот е Гоце Балада, кој се јавува и како автор на многу композиции изведени на фестивалот, во текот на изминатите години.  

Веселите Ѕвончиња, минатата година настапија во Охрид, со детска новогодишна претстава која беше проследена со многубројна публика. 

Jul
29
Sat
„ВКУСЕТЕ ГО ОХРИД – ЛОКАЛНО“
Jul 29 all-day

Слоу фуд Охрид по вторпат ќе го организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“ на 29 јули на плоштадот кај Долна Порта. Посетителите ќе може да вкусат охридски специјалитети приготвени на традиционален начин.

Слоу Фуд-Охрид е дел од слоу Фуд Македонија и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна.

Слоу Фуд замислува свет во кој сите луѓе ќе можат да уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние кои ја одгледуваат и добра за планетата. Нашиот пристап се заснова на концепт за храна што е дефиниран со три меѓусебно поврзани принципи: добра, чиста и правична.

 ДОБРА: квалитетна, вкусна и здрава храна.

ЧИСТА: производство што не штети на животната средина.

ФЕР: достапни цени за потрошувачите и правични услови и плаќање за производителите.

Настанот „Вкусете го Охрид, локално“  е организиран од движењето  „Слоу Фуд“ Охрид со поддршка на Општина Охрид и „Слоу Фуд Македонија“ .

Ве очекуваме во сабота 29 јули во 19 часот

Aug
2
Wed
ЈУБИЛЕЈ: 120 ГОДИНИ ИЛИНДЕН- ДЕН НА РЕПУБЛИКАТА
Aug 2 all-day
ОПШТИНА ОХРИД  ВЕ ПОКАНУВА НА СВЕЧЕНОСТИТЕ ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ:  120  ГОДИНИ  OД ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ

Програма:

01.08.2023 (вторник)

  • 00 часот
  • Промоција на книга: „Охридскиот XIX век“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски;
  • Промотор проф.д-р Лилјана  Гушевска;
  • Културно-уметничка програма;
  • Место: Oпштина Охрид (голема сала)
  • 00 часот
  • „НОЌ СПРОТИ ИЛИНДЕН“
  • Полагање свежо цвеќе пред спомен- обележјето на Илинденците;
  • Историски осврт кон Илинденското востание и неговото значење, м-р Михаил Патчев;
  • Културно-уметничка програма;
  • Meсто: Спомен – обележје на Илинденците, с.Велгошти

02.08.2023 година  (среда)

  • 00 часот
  • Полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјата на Илинденците
  • Meсто: Спомен – обележје на Илинденците, Градски парк
  • 20 часот
  • Полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјата на Илинденците
  • Место: Спомен – обележје на Илинденците,  Прентов мост
  • 30 часот
  • Полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјето на Илинденците
  • Културно-уметничка програма
  • Meсто: Спомен – обележје на Илинденците, с.Плаќе

Носител: Комисијата за одбележување на празници и  манифестации и доделувања награди и признанија.

Aug
6
Sun
“КУЛТУРНО ЛЕТО ПЕШТАНИ“
Aug 6 – Aug 11 all-day

Во недела, на 6-ти август во Пештани ќе започне годинешното културно лето. Манифестацијата “Културно лето Пештани“ која веќе стана традиционална ќе трае шест дена.

Сите уметности: ликовна, книжевна,музичка и драмска ќе бидат споени во една целина.

Љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во миксот од серенадите, сериозната и народната музика.

Исто така присутните ќе бидат почестени со поезиа и проза како и доза на хумор.

Свеченото отворање ќе биде на 06. Август 2023 година со почеток во 20.30 часот на самиот брег, во центарот на Пештани.

На 07. Август со почеток во 20.00 часот ќе има гастрономска вечер, каде присутните ќе можат да вкусат од прекрасните традиционални јадења од езерското крајбрежје.

Од 08 до 11.август со почеток во 17.00 часот ќе се реализира сликање и цртање на зајдисонце како и изложување на ракотворби од културната работилница.

Манифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение “ARTE AZZURRA” со поддршка на Општина Охрид.

Aug
8
Tue
КОНЦЕРТ ПО ПОВОД ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ (ЛЕТЕН)
Aug 8 all-day

Илина Митревска е 21 годишна соло пејачка од Скопје. Студира на Конзерваториумот “Giuseppe Tartini” Во Трст, Италија, под менторство нa реноминираниот Италијански сопран – Паолета Марроку.

Нејзиното средно образование го завршува во музичкото училиште во Скопје, при одделот за соло пеење, во класата на Проф. Гонца Богоромова Краповски, воедно како дел од вокалната академија на  проф. Ана и Игор Дурловски. Интензивно работи со првенецот на Македонската Опера и Балет, тенорот, проф. Ѓорѓи Цуцковски како и првенката Проф. Славица Петровска Галич. Во  2020та, ги почнува студиите со белканто мајсторот – Лорензо Регацо.

Во нејзиното досегашно учење се стекнува со голем број  настапи: Солистички настап со Македонската Филхармонија, Солистички концерт во Софија, под диригентската палка на маестро Христо Христов. Учествуваво фестивали како Скопско Лето, Звуците на Чаршијата.

Спроведува рецитали и настапи низ Трст, Скопје, а после настапот во 2022та Во Рим, е редовно поканета на Фестивалот “Concerti del Tempietto”

Во 2023та е избрана да ја толкува улогата на Дидо од операта “Дидо и Енеа” на Хенри Парсел, во театарот Џузепе Верди во Муџа.

Има учествувано и освоено награди  на повеќе меѓународни натпревари во Италија, Македонија, Белград, Бугарија,  како Балканската Романсијада, Натпреварот “Лазар Јованович”, “Полихимнија”

“Neapolitan Masters”, “Art-In”, “Città di Belluno” “London Classical Competition”, Итн.

Учествува на мастер-курсеви учејќи од имиња како: Николас Ишервуд, Алесандро Валентини, Милан Сиљанов, Благој Нацоски.

Камерната Музика ја усовршува под менторство на  диригентот, Проф. Ромоло Џеси.

Сценската уметност  ја развива со Режисер, Проф. Росалба Тревизан, но пред се ја стекнува од нејзината мајка, актерка – Проф. Валентина Божиновска. 

Aug
12
Sat
ОТКРИВАЊЕ СКУЛПТУРА И „ПРЕЛУДИУМ“ КАКО ВОВЕД ВО 35. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
Aug 12 all-day

 Во пресрет на  триесет и петтото издание на „Поетска ноќ во Велестово“ в сабота на 12 август од 13:00 часот на сретсело во Велестово, свечено ќе биде откриена скулптурата „Раката на поетот“ од уметникот Никола Пијанманов, инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке. Скулптурата е донација од уметникот за фестивалот, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.

Истиот ден, со почеток од 18:00 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Прелудиум“ – преднастан на јубилејната 35. Поетска ноќ во Велестово, на кој ќе читаат девет поети од пет земји: Марија Дејановиќ (Хрватска), Ким Симонсен (Фарски Острови), Танос Гогос (Грција), Марио Де Роза (Италија),  Марко Грегур (Хрватска),  Долорес  Атанасова ‒ Лори, Ѓоко Здравески, Марина Икономова Шокева и Сашо Огненовски од Македонија.

Aug
18
Fri
ЈУБИЛЕЈ: 35 ГОДИНИ ОД ПОЕТСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО“
Aug 18 – Aug 20 all-day

35. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

ПОСТЕРОТ ЗА ГОДИНЕШНОТО ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО Е ПОСВЕТЕН НА ВРАЌАЊЕТО НА ЕВРОПСКИОТ ЕЛЕН НА ГАЛИЧИЦА

Програма

Поврзани вести:

Jubilarno izdanje festivala Pesnička noć u Velestovu

Петок, 18.08.2023. Локација: Велестово

  • 21:00 часот: Свечено отворање:

САМОДИВИ (панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес) Поетско читање и промоција на книгата.

Учесници: Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Лидија Димковска, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева, Павлина Атанасова и Марија Велинова.

– Интернационално поетско читање

Учесници: Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија) и Шпетим Селмани (Косово).

  • 22:30 часот: Ликовна изложба: Тони Попов

Локација: Тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово.

Сабота, 19.08.2023. Локација: Конгресен центар на УКИМ во Охрид, покрај Охридското Езеро

  • 17:00 часот: Ново раѓање на зборот – антологија на македонската млада поезија, избрале и уредиле Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски. Промоција на книгата и поетско читањеПромоција на книгата и поетско читање во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Поети учесници: Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски, Марија Велинова, Исток Ј. Улчар, Павлина Атанасова, Макрина Јорданова, Емануела Ковачевска Китановска, Јована Стаматовска.

  • 18:00 ч.: Поезија – Залез: Интернационално поетско читање во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Учесници: Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија), Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Сузана Мицева, Љубица Шопова и Делвина Крлуку од Македонија.

Недела, 20.08.2023. Локација: Охрид

  • 11:00 до 13:00 часот: Локација: Гимназија „Св.Климент Охридски“, Охрид.

OH READ #2 Работилница за креативно пишување и дијалог преку преведување поезија, наменета за млади.

Учесници: Ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и други млади луѓе, млади поети, писатели и/или преведувачи.

Поети: Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија) и Павлина Атанасова (Македонија). Сите други поети се добредојдени да се приклучат.

  • 18:00 ч: Локација: кафе и бар ШИЛА, Охрид

OH READ #2 Интернационално поетско читање (I): Павлина Атанасова (Македонија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово) и Марија Костиќ (Србија)

19:00 ч: Дебата за важноста на литературните преводи со учесниците и публиката.

Интернационално поетско читање (II): Феликс Шилер (Германија), Перица Сарџоски (Македонија) и Андреј Медиќ Лазаревски (Македонија).

САМОДИВИ: Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева и Марија Велинова.

Спонзори: Општина Охрид, РЕАД, Министерство за култура, Комерцијална банка, Пелистерка, Пупе компани,

Помагатели: Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, ПНВ Публикации, кафе и бар „Шила“,  ОСУ „Св. Климент Охридски“, ресторан „Домаќинска куќа“, пицерија „Немо“, апартмани „Немо делукс“, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово.

Медиумски покровители: Охрид њуз и Култура Бета.

Носител: Здружение Поетска ноќ Велестово”, Комисија за одбележување празници и манифестации и доделувања  награди и признанија.

Welcome to Ohrid, the old city of light with rich cultural and historical heritage in which a lot of civilizations left their own mark. Welcome to the magical place where on an amazing way the cultural and natural heritage are mixed along with the hospitality, city for which many world searchers of beauty use to call this city – Macedonian part of paradise.

© 2024 Visitohrid.com.mk All Rights Reserved.