Носител: ЈП Проаква, ЕКО друштва.
Со почетокот на летото и летната сезона во туристичкиот Бисер на Македонија – Охрид, започнува и второто издание на винскиот фестивал – ” Ohrid Wine Festival”
Од 22 Јуни до 24 Јуни на Кеј Македонија, поточно на платото пред Хотел Палас, три дена во Охрид ќе се дегустира убаво вино и храна, надополнета со убава музика и забава за сите генерации.
Во деновите кои следат ќе ги објавиме сите учесници, листата на винарии како и музичката програма за второто издание на нашиот фестивал.
По успешното прво издание кое покажа дека Охрид е вистинско место за промоција на винската култура и гастрономија, очекуваме оваа година покрај домашните гости да ги задоволиме вкусовите на сите туристи кои во овој период ќе бидат присутни во Охрид.
Како познатата поговорка ” Во виното е вистината” повелете на овој уникатен настан за вистински да уживаме во вкусот и традицијата на македонските вина и македонската храна.
Покровител на фестивалот е Општина Охрид, а истиот е организиран од Крафт Продукција.
Од 19-ти до 23-ти јули во Охрид ќе се оддржува шестото издание на Beach Film Festival. Овогодинешната програма нуди многу филмски проекции, мастер класови и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младински Центар Охрид.
Љубителите на фимот ќе имаат можност да погледнат 8 долгометражни играни филмови, 16 краткометражни, 9 студентски, 5 француски (земја во фокус Франција) и 4 специјални проекции. Фестивалот се отвора со краткометражниот филм „Сценарио“ на Александра Кардалевска и долгометражниот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, а ќе се затвори со словенечкиот филм „Нешто слатко“.
Beach Film Festival
Општина Охрид во рамките на програмата за култура оваа година активно работи на програма за нашите најмлади охриѓанчиња.
На 19 јули на сцената кај ТЦ Амам најмладите ќе имаат прилика да ја проследат театарската претстава за деца ,,Во домот на Волшебникот”. Претставата е работена наменски и е посветена на децата. Токму овој период кога во регионот сериозно е видливо насилството помеѓу децата, а и кај нас, нужна е потребата преку театар да се прикаже дека за секој проблем и недоразбирање не е решение насилството, туку разговорот, меѓусебното подавање на рака, искреното пријателство. Низ низа драмски ситуации во кои главната нитка е мудроста на волшебникот, наспроти денешното однесување на децата, ќе упатиме јасна порака: Со насилство НЕ, со дружба може СЕ!
Во претставата има многу комичнини, едукативни, педагошки елементи, но што е најважно интеракцијата на децата од публиката е многу присутна. Важноста заедно со актерите ќе дојдат до главната порака на претставата, а притоа да увидат дека само преку искрен и другарски пристап можеме да успееме во се.
Претставата изобилува со преубава музика, сценографија и костимографија. Во неа играат актерите кои децата ги познаваат од народните приказни: Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски, а покрај нив игра и младата Тамара Ангелеска
Улогата на Волжебникот ја игра актерот Сашо Ристовски, а улогата на помошничката ја игра актерката : Магдалена Ризова-Черних ,улогата на девојчето ја игра Тамара Ангелеска.
Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на општина Охрид од утре до 28 јули во селото Трпејца ќе се одржи културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.
Утре, четврток 20 јули, приустните ќе можат да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
Во петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видео презентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.
Викендот е резервиран за документарни филмови. Во сабота навечер публиката ќе го гледа документарно – туристичкиот филм „Трпејца на дланка“ работен по сценарио на Милчо Јованоски.
Следната вечер од 20:30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.
Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.
Во понеделник на 24 јули во Трпејца ќе гостува бендот 3.0 ( три промили ) а денот потоа е резервиран за традиционалната Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.
Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.
Во среда на 26 јули од 19:30 часот посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе можат да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна ќе следи интересната видео презентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.
Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за Драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.
На крајот од дванаесеттото издание на „зајдисонцето“ охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.
Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески – Мац.
Општина Охрид преку Програмата за култура продолжува да создава приказни за најмладите. Овој пат на сцената во Охридската чаршија, ќе уживаат во најновото издание на Детскиот музички фестивал „Весели ѕвончиња by Jana“
Најновото 5-то јубилејно фестивалско издание ќе се одржи во петок, на 28.07.2023 година со почеток од 20 часот на бината во Охридската чаршија.
Уметнички директор на фестивалот е Гоце Балада, кој се јавува и како автор на многу композиции изведени на фестивалот, во текот на изминатите години.
Веселите Ѕвончиња, минатата година настапија во Охрид, со детска новогодишна претстава која беше проследена со многубројна публика.
Слоу фуд Охрид по вторпат ќе го организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“ на 29 јули на плоштадот кај Долна Порта. Посетителите ќе може да вкусат охридски специјалитети приготвени на традиционален начин.
Слоу Фуд-Охрид е дел од слоу Фуд Македонија и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна.
Слоу Фуд замислува свет во кој сите луѓе ќе можат да уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние кои ја одгледуваат и добра за планетата. Нашиот пристап се заснова на концепт за храна што е дефиниран со три меѓусебно поврзани принципи: добра, чиста и правична.
ДОБРА: квалитетна, вкусна и здрава храна.
ЧИСТА: производство што не штети на животната средина.
ФЕР: достапни цени за потрошувачите и правични услови и плаќање за производителите.
Настанот „Вкусете го Охрид, локално“ е организиран од движењето „Слоу Фуд“ Охрид со поддршка на Општина Охрид и „Слоу Фуд Македонија“ .
Ве очекуваме во сабота 29 јули во 19 часот