Носител: ООУ „Христо Узунов“ во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: Комисија за одбележување празници и манифестации
Со низа активности поддржани од Владата на Република Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Центарот за јавно здравје на 10 мај 2021 г. (понеделник) во Охрид и неколку градови во државава ќе се одбележи Светскиот ден на физичката активност.
Во рамки на одбележувањето, Општина Охрид заедно со Сојузот на училишни спортови и спортски клубови од градов организираат спортски активности кои ќе се одржат на Кеј „Македонија“ во период од 11 до 12 часот. Спортувањата ќе бидат согласно протоколите за КОВИД 19, а за учесниците задолжителни ќе бидат заштитна маска и физичката дистанца. Предвидените спортски дисциплини се: атлетика, боречки вештини, аеробик и зумба, пинг- понг, возење скејт, ролери и велосипеди. Истиот ден ќе се одржи планинарска тура од Охрид до над с.Велестово и назад.
Целта на одбележувањето на Светскиот ден на физичката активност е да се укаже на важноста од спортувањето и рекреативните активности кои обезбедуваат здрави животни навики. Спортот и спортувањето се индикации за здрав и културен живот. Потребно е секојдневно движење и спортување независно од возраста и полот со цел да се одржи сопственото здравје и психомоторната способност на луѓето.
Носител: ООУ „Ванчо Николески“ во соработка со Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: Образовни институции, Комисија за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: Образовни институции, СОСУ “Св. Кирил и Методиј” во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Пред 15 години, на 13 јуни 2006 година, почина охридскиот сликар Вангел Наумоски, еден од најуникатните примери на уметници кои со своите дела го обиколија светот и светот го донесоа во Охрид. Велат дека неговите поетски слики излегуваат од чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста на космосот, стојат на границата меѓу сонот и јавето, царствата на растенијата, цвеќето и убавината на Охридските нимфи.
Славниот Салвадор Дали на изложбата на Вангел Наумовски во Галеријата „Мона Лиза“ во Париз во 1970 година ќе рече : „Ова е сликар од бајките. Тој е наивен сликар, но Медитеранот оставил силен печат на него. Мошне е префинет и суптилен. Ова е комплетна изложба. Неговото сликарство е блиско до моето. Мене не ме интересираат обичните наивни сликари. Кај Наумовски има елемнти кои може да бидат дури и научни. Исто така интересна е и биолошката страна на неговото сликарство“.
Вангел Наумовски, според енциклопедиските податоци, е роден во охридското село Скребатно во 1922 година. Се запишува во Средното уметничко училиште во Скопје, но во 1947 година е исклучен од истото како „неталентиран“. Првата негова работа е цртач во ателјето за резба во Охрид, додека неговата прва изложба е во родниот град Охрид во 1954 година. Има изложувано на над 30 самостојни и 100 групни изложби, а неговите дела се наоѓаат во многу музеи во Македонија и низ светот. После следувале нови изложби и награди и признанија. Првпат во странство Наумовски се претставил во 1961, додека во 1967 година станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, кое на изложба во 1969 година му ја доделил наградата „Свадбен венец”. Истата година градот Охрид му ја доделил наградата за сликарство „Седми ноември”, година која е забележана и по неговото целосно преминување во сликарството како слободна професија.
Во 1974, Наумовски е награден со Гран при за сликарство од Колекцијата „Винстон” во Женева, ја добил и наградата за сликарство „Нерешки мајстори” на ДЛУМ, а во 1979 година стана член на италијанската Academia Italia de belle Arti e del Lavoro, од каде што е номиниран и за академик. Во Италија е награден и со Premio d’ Italia 1980. На првото Биенале на југословенската самоука ликовна уметност во Светозарево во 1981 година добил откупна награда, а во истата година и награда за цртеж од Музејот на современата уметност во Скопје. Во 1984 година италијанскиот Centro Studi e Ricerche delle Nazioni му ја доделил наградата „Premio Mondale della Cultura” и „Statuata della Vittoria 1984″, a Academia de Europa од Италија наградата „European Banner of arts” со златен медал. Во 1982 година македонскиот режисер Александар Ѓурчинов снимил филм за Наумовски, во кој се прикажува неговиот живот и творештво. Починал на 13 јуни 2006 година во Охрид.
Вангел Наумовски беше чуден човек, велат неговите современици. Тој беше и архитект, скулптор, поет, музичар. Во различни свои уметнички изразувања се потипишуваше како Нав Муан, Ван Сан Скребатски или како Сараван. Неговите дела се изложувани во многу познати галерии, а ги красат домовите на многу познати личности во светот.
Носител: Друштво на ликовни уметници и Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: ЕЛС Охрид, МЗ Велгошти, НУ Библиотека” Григор Прличев”, ОУ “Живко Чинго”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
13.08 2021 година (петок)
• Полагање цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго ;
• Обраќање на претставник на Општина Охрид ;
• Доделување на наградата за најдобар расказ;
• Промоција на „Книга за Чинго“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски; Промотор: проф.д-р Виолета Ачкоска;
• Културно – уметничка програма
20.00 часот
Атар на црква “Св. Петка” – Велгошти
Носител: ЕЛС Охрид, МЗ Велгошти, НУ Библиотека” Григор Прличев”, ОУ “Живко Чинго”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.