Носител: ПП бригада во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија
На ден 27.07.2019 година во организација на Амбасадата на Израел на Република Северна Македонија а со поддршка на Општина Охрид ќе организира изложба на фотографии Под наслов: Скокаме заедно.
Изложбата ќе се одржи на плоштадот кај Долна Порта ( х. Александрија) со почеток во 21.00 часот.
Традиционална туристичко – промотивна манифестација “Охридска софра 2019”, која има за цел да го промовира руралниот туризам и традиционалните јадења од охридскиот регион.
На 03.08.2019 година во организација на Здружението за промоција на културно – уметничките вредности Тактус – Охрид а во соработка со Општина Охрид ќе организаат концерт на германскиот интернационален младински оркестар Bedstone International Summer youth Orchestra Camp – BISYOC. Концертот е со почеток во 20.00 часот на просторот помеѓу ТЦ Амам и комплексот Летница.
На ден 04.08.2019 година со почеток во 19.00 часот, во организација на Амбасадата на Унгарија и Општина Охрид ќе се одржи фолклорен концерт на унгарското културно – уметничко друштво “Табан” . Концерот е организиран по повод Денот на Унгарците во Р.С.Македонија, а ќе се одржи на просторот помеѓу ТЦ Амам и комплексот Летница.
Фестивалот “Вино и сирење 2019”- Овој фестивал нуди одлична можност за локалните производители на вино и сирење да ги презентираат своите производи на пазарот. Во основа овој фестивал претставува своевиден мини саем на кој се презентираат виното и сирењето како дел од традиционалната македонска гастрономија, а заради неговата корисност се очекува да прерасне во значаен туристички настан во Охрид. Ваквиот тип на претстваување е одлична можност за презентација на новите техники на маркетинг и продажба, поттикнување на партнерски врски и воведување дополнителни стимулативни мерки.
“Денови на мед”. Преку оваа манифестација локалните производители имаат можност да ги презентираат своите пчелни производи, а истата ќе биде одлична можност за охриѓани и гостите во Охрид да вкусат квалитетен мед и производи од мед.
Ohrid craft expo. Целта на манифестацијата „Ohrid craft expo“ е да го промовира занаетчиството и занаетчиите, односно нивните производи и услуги, да го доближи занаетчиството до младите луѓе, до граѓаните и до институциите, да поттикне континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и можност за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните кои се занимаваат со занаетчиска дејност
Кајак кану клуб “СТРМЕЦ” Охрид во период од 15-17.Август.2019год. Охрид ќе организира и одржува ICF. 19-та МЕЃУНАРДНА РЕГАТА ВО КАЈАК И КАНУ НА МИРНИ ВОДИ – ОХРИД 2019год.