
21.06.2019 година (петок)
12.00 часот
Место: градско пристаниште (кај споменикот на фаќачот на крст)
Програма:
– Обраќање на градоначалникот на Општина Охрид, д-р Константин Георгиески;
– Обраќање на градоначалникот на Општина Поградец, г-дин Едуард Капри;
– Обраќање на градоначалникот на Општина Струга , д-р Рамис Мерко;
Културно – уметничка програма:
– Настап на најмладите од детската градинка “Јасна Ристеска”;
– Настап на учениците при ОУ “Братство – единство” со мултиетнички сплет;
– Настап на охридската група “Везилка”;
– Настап на КУД Ѓердан со сплетот “Билјана платно белеше”;
– Изложба на подводни фотографии од Нуркачкиот центар “Акватек” – Охрид;
– Презентација на нуркачка опрема, опрема за спасување на вода и планини од страна на ОО на Црвен Крст – Охрид;
– Дефиле на едриличарскиоте, клубовите за кајаци и други клубови од спортовите на вода
Носител: Општина Охрид, Општина Поградец, Општина Струга, невладини организации од трите градови, во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: Комисија за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 30.04.2024 година (вторник) ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“.
Покрај продажно-изложбениот дел, во рамки на програмата предвидена е и културно-уметничка програма на која ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“ и КУД „Филиграни“.
На базарот ќе земат учество сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења и др.
Велигденскиот базар и оваа година ќе има хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно. Исто така, ОО на Црвен крст ќе постави свој штанд, со кутија за донации каде што секој посетител ќе има можност да даде своја донација за помош и поддршка на ранливите категории граѓани.
Програма:
23.05.2019 година ( четврток)
12.00 часот
Свеченост по повод Патрониот празник на СОСУ „Свети Кирил и Методиј“
Место : СОСУ “Св.Кирил и Методиј” ( спортска сала)
24.05.2019 година (петок)
10.30 часот
Панихида за светите браќа;
Фолклорен концерт на КУД “Ѓердан”
Место: Дом на култура “Свети Кирил и Методиј” – Кошишта
11.00 часот
Полагање цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј;
Обраќање на претседателката на Советот на Општина Охрид, г-ѓа Живка Ангелоска;
Доделување награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта
Културно – уметничка програма
Место: Споменик на св. Кирил и Методиј
19: 30 часот
Концерт на растечката генерација македонски пијанисти под уметничко раководство на проф. д-р Ана Гацева и проф. м-р Даниел Чуркоски
Место: црква “Света Софија”
Носител: Влашка етничка заедница, во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: Сектор за туризам и локален економски развој, образовни институции во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: Друштво на ликовни уметници и Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Под покровителство на Општина Охрид во предворјето на НУЦК Григор Прличев со почеток во 20.00 часот, на 20.06.2024 година, ќе се одржи културната манифестација Чалгиски звуци во чест на познатиот охридски виолинист Климе Садило.
На манифестацијата ќе настапат музичката група „Фросина“ и Камерен оркестар Охрид.
Богата музичка програма и неповтрлива забава за охриѓани и туристите ќе донесе третото издание на Ohrid Wine Festival кој ќе се одржува од 27-ми до 29-ти јуни во Охрид, на Кеј Македонија, пред хотел „Палас“.
-На отварањето на фестивалот на 27.06.2024 (четврток) на сцената ќе настапат Backdoor band, Миле Кузманоски и „Куку леле“.
-Вториот фестивалски ден на 28.06.2024 (петок) е резервиран за Urban planet, Next time и Brass brothers.
-Третиот фестивалски ден на 29.06.2024 (сабота) за забавата ќе бидат задолжени „Балканико“, „Ареа“ и Влатко Лозановски.
Забавата со македонските музички артисти ќе биде надополнета со дегустацијата на македонските вина и вкусната храна.
Покровител на овој тридневен фестивал е Општина Охрид, а истиот е организиран од „Крафт Продукција“.