Носител: Комисија за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Од 8ми до 10ти Септември на улица „Кеј Македонија“ спроти хотелот „Палас“ ќе се одржи Охридски фестивал на виното.
За добра забава ќе бидат задолжени охридските бендови „Камелеон“ и „Бекдор бенд“ , а свој настап ќе има и Ѓоко Танески. На фестивалот ќе настапат и Дј Винофест, Фолтин, Александар Јосифовски, Ареа, Наум Петрески, Нина Јанева и Супехикс.
Дополнително за добро расположение ќе придонесат и македонските винарии кои убавите музички звуци ќе ги надополнат со квалитетно македонско вино.
Охриѓани и гостите заслужуваат да имаат вакви убави културни манифестации.
[vc_row][vc_column width=”1/2″][vc_column_text][/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/2″][vc_column_text]
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
Како резултат на културната соработка помеѓу Општина Охрид и Амбасадата на Шпанија во Република Македонија, во Охрид ќе се одржи изложба и проекција на циклус шпански филмови.
Изложбата „Пикасо можеби јас“ од македонскиот уметник Филип Фидановски ќе биде отворена на 20.12.2022 (вторник) со почеток во 18:00 часот во изложбениот салон на центарот за култура „Григор Прличев“. Изложбата се организира по повод 140 годишнината од раѓањето на познатиот светски уметник Пабло Пикасо.
Истата вечер со почеток во 19:00 часот во големата сала на центарот за култура „Григор Прличев“ ќе започне „Недела на шпански филм“ која ќе трае до 22.12.2022 година. Планирано е да бидат прикажани три филмови од шпанска продукција. Филмовите ќе се прикажуваат по следниот редослед:
-20.12.2022 (вторник) ќе биде прикажан филмот „Шампиони“ од режисерот Хавиер Фезер.
-21.12.2022 (среда) ќе биде прикажан филмот „Тајната во нивните очи“ од режисерот Хуан Хозе Кампанела.
-22.12.2022 (четврток) ќе биде прикажан филмот „Лесно е да се живее со очи затворени“ од режисерот Давид Труеба.
Проекциите ќе започуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен.
Носител: СВР – Охрид во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија
Носител: Комисија за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: Ромска заедница, во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: МПЦ и Општина Охрид во соработка со Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделувања награди и признанија.