Calendar

Apr
7
Thu
ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА БЛАГОЈЧЕ КРСТАНОСКИ- МАКЕДОНСКИ БРАНИТЕЛ И ПРОФЕСИОНАЛЕН ВОЈНИК НА АРМ
Apr 7 all-day

Носител:  Комисија за одбележување на празници и манифестации, доделување награди и признанија, МЗ Ливоишта, АРМ

ЈУБИЛЕЈ: 120 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МЕТОДИЈ ПАТЧЕ
Apr 7 all-day

Носител: ОМУ „Методиј Патаче“ во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.

May
7
Sat
„ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ВО ОХРИД
May 7 all-day

Во сабота на 07.05.2022 година Охрид ќе се приклучи на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ која се организира во повеќе општини во државата.

Еколошката акција ја организира „Мен енд маунтен“ со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Министерството за животна средина. Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и за секои 10 кг собран отпад да се засади по едно дрво.

Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ се приклучуваат на акцијата, со чистење на потегот од „Билјанини извори“ до плажите „Горица“ и „Свети Стефан“. Во акцијата ќе земат учество здружението „Брег на младоста“, компанијата „Костал“ и сите општински училишта.

Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.

Излези и ти, собери го отпадот од твојата директна околина и допринеси за поздрава и позелена иднина за сите!
Jun
3
Fri
ОХРИД ТРЧАТ
Jun 3 – Jun 5 all-day
Jun
10
Fri
110 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ВАНЧО НИКОЛЕСКИ
Jun 10 all-day

Ванчо Николески истакнат македонски романсиер, раскажувач и поет. Представник е на првата повоена генерација македонски писатели за деца и млади, онаа генерација што во литературата влезе непосредно по ослободувањето.

Николески е роден на 10 јуни 1912 година во село Црвена Вода, Дебарца, Охридско. Основно училиште завршил во родното место, гимназија во Охрид а учителска школа завршил во Скопје. Тој е еден од првите учители, кој низ селата на штотуку ослободената Дебарца од бугарскиот окупатор учителствувал на македонски јазик. Тоа е период кога за еден изговорен збор на македонски јазик се одело во  затвор и време кога не постоеле планови и програми за настава, а Николески сам ја презел тешката, одговорна, но и благородна работа да пишува текстови на македонски јазик и со нив да држи настава. По ослободувањето работел како новинар и уредник во весниците за деца “Титов Пионер“ и “Пионерски Весник“, како и во емисиите за деца емитувани на радио-Скопје и радио-Битола. Значаен дел од својот работен век поминал во Битола како истакнат просветен работник и пензионер. Својот животен и творечки пат го завршил во  Охрид на 15 април 1980 година. Уште како ученик и млад учител пишувал песни за деца па во периодот од 1945-1960 тој бил најприсутниот македонски автор во детската литература. Децата и детството биле негова постојана тема и инспирација. Детските весници, читанките и најпознатите антологии на македонската литература за деца се збогатени со прекрасните песни на овој плоден творец.

Своите први поетски творби ги објавил во детскиот весник “Титов Пионер“. Негови најпознати дела се поемата “Мице“, “Мое село“(песни), “Чудотворен кавал“(раскази), “Четиринаесет илјади ослепени“(историска поема за времето на Цар Самоил), “Волшебното самарче“(роман), “Гоце Делчев“(роман) и многу други.

Бил член на Друштвото на Писатели на Македонија од 1950 година.

Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои најзначајни се: “Климент Охридски“, “Младо Поколение“, “Курирче“, “11 Октомври“, “Змаева награда“ и  многу други.

Jun
13
Mon
ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ВАНГЕЛ НАУМОСКИ
Jun 13 all-day

Пред 16 години, на 13 јуни 2006 година, почина охридскиот сликар Вангел Наумоски, еден од најуникатните примери на уметници кои со своите дела го обиколија светот и светот го донесоа во Охрид. Велат дека неговите поетски слики излегуваат од чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста на космосот, стојат на границата меѓу сонот и јавето, царствата на растенијата, цвеќето и убавината на Охридските нимфи.

Славниот Салвадор Дали на изложбата на Вангел Наумовски во Галеријата „Мона Лиза“ во Париз во 1970 година ќе рече : „Ова е сликар од бајките. Тој е наивен сликар, но Медитеранот оставил силен печат на него. Мошне е префинет и суптилен. Ова е комплетна изложба. Неговото сликарство е блиско до моето. Мене не ме интересираат обичните наивни сликари. Кај Наумовски има елемнти кои може да бидат дури и научни. Исто така интересна е и биолошката страна на неговото сликарство“.

Вангел Наумовски,  е роден во Oхрид во 1924 година. Се запишува во Средното уметничко училиште во Скопје, но во 1947 година е исклучен од истото како „неталентиран“. Првата негова работа е цртач во ателјето за резба во Охрид, додека неговата прва изложба е во родниот град Охрид во 1954 година. Има изложувано на над 30 самостојни и 100 групни изложби, а неговите дела се наоѓаат во многу музеи во Македонија и низ светот. После следувале нови изложби и награди и признанија. Првпат во странство Наумовски се претставил во 1961, додека во 1967 година станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, кое на изложба во 1969 година му ја доделил наградата „Свадбен венец”. Истата година градот Охрид му ја доделил наградата за сликарство „Седми ноември”, година која е забележана и по неговото целосно преминување во сликарството како слободна професија.

Во 1974, Наумовски е награден со Гран при за сликарство од Колекцијата „Винстон” во Женева, ја добил и наградата за сликарство „Нерешки мајстори” на ДЛУМ, а во 1979 година стана член на италијанската Academia Italia de belle Arti e del Lavoro, од каде што е номиниран и за академик. Во Италија е награден и со Premio d’ Italia 1980. На првото Биенале на југословенската самоука ликовна уметност во Светозарево во 1981 година добил откупна награда, а во истата година и награда за цртеж од Музејот на современата уметност во Скопје. Во 1984 година италијанскиот Centro Studi e Ricerche delle Nazioni му ја доделил наградата „Premio Mondale della Cultura” и „Statuata della Vittoria 1984″, a Academia de Europa од Италија наградата „European Banner of arts” со златен медал. Во 1982 година македонскиот режисер Александар Ѓурчинов снимил филм за Наумовски, во кој се прикажува неговиот живот и творештво. Починал на 13 јуни 2006 година во Охрид.

Вангел Наумовски беше чуден човек, велат неговите современици. Тој беше и архитект, скулптор, поет, музичар. Во различни свои уметнички изразувања се потипишуваше како Нав Муан, Ван Сан Скребатски или како Сараван. Неговите дела се изложувани во многу познати галерии, а ги красат домовите на многу познати личности во светот.

Носител: Друштво на ликовни уметници и Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделувања  награди и признанија.

Jul
20
Wed
11.ИЗДАНИЕ „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ ВО ТРПЕЈЦА
Jul 20 – Jul 28 all-day

Утревечер со изложба на слики од уметникот Мајкл Клос од Канада и настап на бендот  „8balls“ ќе започне 11. Издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца.

Според најавите, до 28 јули организаторот Здружението „За Трпејца со љубов“ ќе понуди низа интересни содржини со кои ќе го привлече вниманието на гостите и домаќините кои летуваат во Трпејца.

Во четврток  на летната сцена под ведро небо ќе настапат: Младите од Црвен крст Охрид со поетско- музичкиот перформанс „Треба да бидеме подобри“ .

Следниот ден е резервиран за поетесите – сестрите  Вера М Самарјанин, Марика Тапанџиева кои во јавноста се познати и по своите хуманитарни дела а со нив ќе настапи и познатиот пејач Драган Мијалковски. 

Во сабота, стандардниот термин од 20:30 часот ќе биде резервиран за младиот Петар Симоноски  кој ќе има своја видео презентација на тема „Трпејца низ вековите“ а негов гостин ќе биде  неговиот пријател и гитарист Горан Кичеец.  Истата вечер во Трпејца во соработка со Кинотека на Република Северна Македонија ќе биде прикажан  култниот македонски филм „Мирно лето“ во режија Димитрија Османли.

Неделата е резервирана за традиционалната  Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање а вечерта мини концерт ќе одржи дуото „ Black Moon“од Охрид.

Следната вечер ќе започне со ново содржина наменета за забава на гостите трката со куфери по скалинадата во Трпејца. За тројцата најбрзи ќе има интересни награди , најавуваат организаторите. Таа вечер не очекува запознавањето со „Богатството на Охридското Езеро“  во соработка со ЈНУ „Хидробиолошкиот завод“ од Охрид а ќе следи и концерт на класична музика насловен „Млади надежи“. 

Во вторник, на 26 јули најмладите преку цртежи ќе го овековечат зајдисонцето во Трпејца а следната вечер нивните трудови ќе бидат и претставени пред гледачите. По традиција ќе биде поставена и изложба на дела од минатогодишната четврта Уметничка колонија која секој септември се одржува во Трпејца,ќе настапи танчерската група „Dancin Angels“ а вечерта ќе биде заокружена со гостувањето на д-р Анис Сефиданис кој ќе се обиде гледачите на популарен и интерактивен начин да ги воведе  во светот на компјутерите и роботиката.

Претпоследната вечер од годинашното издание е резервирана за видео – изложбата на фотографии направени со мобилен  „Трпејца низ објективот на туристите“ и настапот на Пејачката група и оркестар на ансамблот „Ѓердан од бисери“ од Охрид.

Културно – забавното лето следниот ден ја носи традиционалната прошетка по патеката Чоколско а ќе биде заокружено со Вечерта посветана на познатиот македонски хармоникаш и композитор д-р Гоце Џуклески. Покрај него публиката таа вечер ќе може да ужива во настапот на неговите пријатели од Градскиот хор Vox Lychnidos  и пејачот Мирко Вретовски.

Jul
29
Fri
OHRID CALLING 2022 ОД 29 ЈУЛИ ДО 01 АВГУСТ
Jul 29 – Aug 1 all-day

 [vc_row][vc_column][vc_btn title=”OHRID CALLING 2022 ОД 29 ЈУЛИ ДО 01 АВГУСТ” color=”sandy-brown” link=”url:https%3A%2F%2Favalon.mk%2Fns-newsarticle-ohrid-calling-2022-od-29-juli-do-01-avgust.nspx|target:_blank”][/vc_column][/vc_row]

Aug
13
Sat
ЈУБИЛЕЈ: 35 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЖИВКО ЧИНГО
Aug 13 all-day

Носител: ЕЛС Охрид, МЗ Велгошти, НУ Библиотека” Григор Прличев”, ОУ “Живко Чинго”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.

Aug
15
Mon
ЈУБИЛЕЈ: 160 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО и 105 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА КОСТА ШАХОВ
Aug 15 all-day

Коста Шахов од Охрид е една подзаборавена, но многу значајна личност од македонската национална историја. Тој е неодминлив деец во  македонската национална и културна историја кој е заслужен во неговата работа на полето на новинарството во втората половина на деветнаесеттиот век и првите две децении на дваесеттиот век.

Коста Шахов е првитот претседател на Младата македонска книжовна дружина, член на т.н „Македонски комитет“ од 1895 година, на чело со Трајко Китанчев, претходно член е на „Братскиоот сојуз“ и член на Македонското студентско друштво во Софија од 1890 година. По политичка ориентација тој е буржоаски либерал, член на Либералната партија – радослависти во Софија.

Тој се појавува како сопственик или како главен и одговорен уредник на 11 весници. Освен весникот „Македонија“(1888-1893), Коста Шахов ги издавал и весниците „Дневни Новини“(1890), „Странник“(1891), „Глас македонски“(1893-1898), „Борба за слобода на Македонија“ и Одринско(1899), „Балкански ек“ (1900), „Македонија“(1908-1912), „Балканска зора“(1912). Но, сто тоа не се исцрпува неговата новинарска дејност. Шахов, исто така, соработувал во многу други весници, како што се „Реформи“ (1899), Дебарски глас(1909), „Дебар“ (1905) и др., а, исто така, и во списанието Лоза „1892“.

Личноста и делото на публицистот и раскажувачот Коста Шахов, се типичен модел во проучувањето на развојни просеци, и состојби, на автори и дела на кои македонската наука се уште не им посветила соодветно внимание.

Целокупното дело на Шахов претставува посебно значајна алка на извонредно многу попречуваниот македонски национален развој. Не занемарувајќи ги претпоставките за недоволното внимание кон Шахов од страна на македонската наука, наспроти неговата извонредно значајна илога во македонскиот национален развој, потребно е натамошно проучување ко ќе се стреми кон синтеза на вредностите на Шахов на повеќе рамништа, но секогаш толкувани и вреднувани од позиција и со мерилата на неговото време.

Студијата „Коста Шахов Публицистика“ од Томе Груевски  се занимава пред се, со неговата новинарска и публицистичка дејност и неговиот придонес во македонското револуционерно дело што го започнале плеада македонски национални дејци како што се: Даме Груев, Гоце Делчев, Димитар Мирчев, Крсте Мисирков, Петар поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Ѓорче Петров и други. Таа претставува само доследно оддолжување кон овој македонски неуморник од крајот на XIX и од почетокот на XX век, но и пополнување на една голема празнина за истражувачките и аналитичките интенции на македонската публицистика и литературна историја.

Станува збор за најактивниот македонски публицист од втората половина на XIX век и првите две децении на XX век. Се разбира, Коста Шахов со неговото журналистичко дело е рамо до рамо со Ј.Х. Константинов Џинот, со Рајко Жинзифоф, Димитар Василев Македонски, Стефан Јакимов Дедов, Арсениј Јовков и другите македонски дејци, публицисти и литературните раскажувачи од своето време.

Коста Шахов е книжевен деец и тоа е посебно поглавје во историјата на македонската литература од крајот на XIX век и првите две децении на XX век. Раскажувачкиот опус на писателот Коста Шахов опфаќа повеќе книги раскази: „Зугра“, „Стојан војвода“, „Албанска вдовица“, „Имам Али ефенди“, „ Несреќниот Стојко“ и „Миленко“,  „Не се трае“, „Кога народот ќе ја промени својата врховна власт“, „Тутракан“ и „Даноците“. Повеќето од овие наслови се објавени во весникот „Македонија“ од 1888 година во рубриката “ Раскази“, но подоцна Шахов во 1893 година ги објавил во Софија, како посебни книшки. Всушност тоа се вистински приказни од животот на македонскиот народ каде жигосуваат ропството и тиранијата на османлиите врз невиното македонско население.

Проследувајќи го развојот на македонската проза од почетокот на XIX  век, и низ споредбени интенции доаѓаме до современиците на Шахов од редот на македонските литературни творци:  Евтим Спространов, Атанас Раздолов, Христо Калчев, Васил Пасков, Никифор Попфилипов, Петар Стојков и уште некои други творци и на оваа “поприлично затемната епоха и развојна етапа од македонската литературна историја“. Натамошни доистражувања и синтези на овој план би биле интересен прилог кон задоцнетите но нужни дорекувања на македонската литературна наука.

Вреднувајќи го делото на овој знаменит „Еден македонец“ од аспект на времето во кое дејствувал Шахов, оваа студија настојува да ја покаже долготрајната и неотстаплива посветеност на Шахов на македонското прашање, односно на македонскиот колективен сон за слобода и самостојност.

Коста Шахов беше соборец со највидните револуционери и дејци на Внатрешната македонска револуционерна организација:  со Гоце Делчев, Даме Груев Петар Поп Арсов, Ѓорче Петров, Иван Хаџи Николов и др., а неговиот весник „Глас на македонски“ (1893)на почетокот беше и орган на Организацијата. Од анализите на текстовите во статиите објавувани во неговите весници, тој секогаш дозволува да провејуваат „македонистичките идеи, иако често од нив се оградува“. Шахов, секогаш е до гледиштата на политичкиот сепаратизам на угледните водачи на македонската револуционерна организација. Тој секогаш го брани автономнистичкиот принцип и и се застапува за „немешање  отстрана на македонското револуционерно дело“. Имено, Шахов го предложил Гоцета Делчев за член на Македонската револуционерна организација и ја организирал средбата со Иван Хаџи Николов во Софија.Тоа го прави со големо задоволство. Со тоа Шахов, можеби одиграл пресудна улога во развојот на македонското национално – ослободително дело, а самиот Коста станал нивен соучесник – соработник на македонската организација што биле формирана на 23 октомври 1893 година во Солун. Коста Шахов низ целиот творечки  работен век  е целосно посветен на македонската емиграција и решавањето на македонското прашање. Заедно со Шахов сите македонски револуционери  и национално – културно дејци го сонуваа сонот за „Самостојна Македонија“, „Независна Македонија“, „Автономна Македонија“.

Носител: Здружение на новинари на Република Македонија, Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.

Welcome to Ohrid, the old city of light with rich cultural and historical heritage in which a lot of civilizations left their own mark. Welcome to the magical place where on an amazing way the cultural and natural heritage are mixed along with the hospitality, city for which many world searchers of beauty use to call this city – Macedonian part of paradise.

© 2024 Visitohrid.com.mk All Rights Reserved.