Носител: Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија, риболовни друштва и здруженија, НУ „Завод и Музеј – Охрид“, ДСУРЦСО „Ванчо Питочески“, Јавни претпријатија
Носител: Друштво на писатели на РСМ; НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија
Носител: НУ Центар за култура; НУ Градска библиотека “Григор Прличев”; Завод и музеј – Охрид во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: НУ “Центар за култура”; НУ Градска библиотека “Григор Прличев”; ООУ “Григор Прличев”; Завод и музеј – Охрид и Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија
Носител: Завод и музеј – Охрид во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.
Носител: Комисија за одбележување на празници и манифестации, доделување награди и признанија, МЗ Ливоишта, АРМ
Во сабота на 07.05.2022 година Охрид ќе се приклучи на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ која се организира во повеќе општини во државата.
Еколошката акција ја организира „Мен енд маунтен“ со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Министерството за животна средина. Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и за секои 10 кг собран отпад да се засади по едно дрво.
Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ се приклучуваат на акцијата, со чистење на потегот од „Билјанини извори“ до плажите „Горица“ и „Свети Стефан“. Во акцијата ќе земат учество здружението „Брег на младоста“, компанијата „Костал“ и сите општински училишта.
Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.
Излези и ти, собери го отпадот од твојата директна околина и допринеси за поздрава и позелена иднина за сите!
Ванчо Николески истакнат македонски романсиер, раскажувач и поет. Представник е на првата повоена генерација македонски писатели за деца и млади, онаа генерација што во литературата влезе непосредно по ослободувањето.
Николески е роден на 10 јуни 1912 година во село Црвена Вода, Дебарца, Охридско. Основно училиште завршил во родното место, гимназија во Охрид а учителска школа завршил во Скопје. Тој е еден од првите учители, кој низ селата на штотуку ослободената Дебарца од бугарскиот окупатор учителствувал на македонски јазик. Тоа е период кога за еден изговорен збор на македонски јазик се одело во затвор и време кога не постоеле планови и програми за настава, а Николески сам ја презел тешката, одговорна, но и благородна работа да пишува текстови на македонски јазик и со нив да држи настава. По ослободувањето работел како новинар и уредник во весниците за деца “Титов Пионер“ и “Пионерски Весник“, како и во емисиите за деца емитувани на радио-Скопје и радио-Битола. Значаен дел од својот работен век поминал во Битола како истакнат просветен работник и пензионер. Својот животен и творечки пат го завршил во Охрид на 15 април 1980 година. Уште како ученик и млад учител пишувал песни за деца па во периодот од 1945-1960 тој бил најприсутниот македонски автор во детската литература. Децата и детството биле негова постојана тема и инспирација. Детските весници, читанките и најпознатите антологии на македонската литература за деца се збогатени со прекрасните песни на овој плоден творец.
Своите први поетски творби ги објавил во детскиот весник “Титов Пионер“. Негови најпознати дела се поемата “Мице“, “Мое село“(песни), “Чудотворен кавал“(раскази), “Четиринаесет илјади ослепени“(историска поема за времето на Цар Самоил), “Волшебното самарче“(роман), “Гоце Делчев“(роман) и многу други.
Бил член на Друштвото на Писатели на Македонија од 1950 година.
Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои најзначајни се: “Климент Охридски“, “Младо Поколение“, “Курирче“, “11 Октомври“, “Змаева награда“ и многу други.