Носител: Министерство за култура на РМ, ЕЛС Охрид, МЗ Велгошти, градска библиотека”Григор Прличев”, ОУ “Живко Чинго”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија
Носител: Завод и музеј, во соработка со Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: Охридски трубадурии- Охрид фест,Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Професионални атлетичари, рекреативци и љубители на спортот од нашата држава и од регионот, ќе бидат дел од четвртото издание на спортскиот атлетски настан „Охрид Трчат”, кој викендов ќе се одржува во Охрид.
Организатор на оваа тридневна спортска манифестација е атлетскиот клуб „Охрид Трчат“ со поддршка на Општина Охрид. Целокупната програма, условите и прописите на трките ќе бидат во согласност со сите утврдени мерки и протоколи за превенција од вирусот „КОВИД 19“.
Според програмата, предвидени се две трки, кои ќе се одржат во недела на 30-ти август. Покрај трката од 5 километри, оваа година за прв пат ќе биде органиизран и полумаратон од 21 километар.
Трката на 21 километри е тркачкиот професионален дел од настанот и е наменета за активните рекреативци и професионални атлетичари, а трката на 5 километри претставува рекреативна трка која е наменета за сите возрасти и која има за цел да го афирмира трчањето и да го промовира здравиот начин на живот.
За време на атлетската манифестацијата, на 30-ти август во периодот од 07:00 до 10:30 часот ќе биде организиран посебен сообраќаен режим во градот и ќе бидат затворени за сообраќај дел од уиците во централното градско подрачје. Ораганизаторите упатуваат апел до граѓаните на Охрид и туристите кои престојуваат во градот да покажат разбирање и да го поддржат одржувањето на настанот.
Линк: www.ohridtrcat.mk
Носител: Библиотека “Григор Прличев”,Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија
Носител: Општина Охрид; НУ Завод и музеј –Охрид,основни и средни училишта во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија; Завод и музеј –Охрид; МАНУ
По повод патрониот празник на Охрид „Свети Климент Охридски“ во понеделник на 7-ми декември 2020 година со почеток во 18:00 часот во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи 22 традиционална изложба на фотографии на Фото клубот „Охрид“.
Темата на изложбата е „Охрид ноќе“ и на неа ќе бидат изложени 35 фотографии од членовите на фото клубот, кои ги покажуваат уникатните убавини на Охрид.
Годинешната изложба ќе биде посветена на прерано починатиот д-р Драган Спасеки Охридски, како израз на почит и благодарност за сето она што тој како човек, доктор, хуманист, уметник, поет, вљубеник во уметноста го има направено за својот град.
Организирањето на изложбата ќе биде во согласност со сите мерки и протоколи за заштита од вирусот КОВИД 19.
Носител: Општина Охрид; НУ Завод и музеј –Охрид; Архив на РМ п.е Охрид; охридските основни и средни училишта