Под мотото „Don’t Worry, Be Ohrid!” од 10-ти до 14-ти октомври, Охрид ќе биде домаќин на четвртиот Интернационален гастрономски натпревар – „Гастро Мак”.
Овој континентален гастрономски настан е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид.
Според најавите на настанот ќе замат учество над 300 учесници, над 90 лиценцирани судии од Светската асоцијација на здруженијата на шефови на кујни, гастрономски амбасадори и почесни гости од 30 светски земји. Годинешен претседател на судскиот тим е славниот хрватски готвач Стево Карапанџа.
Покрај предвидените активности во рамки на натпреварувачкиот дел, ќе бидат организирани и презентации за сите гурмани од нашата, но и од другите интернационални кујни.
Во рамки на програмата, на 12-ти октомври е предвидено е одржување на „Фиш фест“ на Дон Давид, кога судиите, кои се истакнати готвачи со „Мишелин ѕвезди“ ќе приготвуваат скара на отворено, а дегустациите ќе можат да ги извршат сите посетители.
Алпинистички клуб „Патагонија“ и Општина Охрид, на 27 октомври 2019 година ( недела) го организираат првото промотивно издание од “Ohrid Outdoor Festival”. Целта на фестивалот е заедничко дружење и уживање во убавините на Охрид и планината „ Галичица“ , возејќи велосипед или искачувајќи го врвот со најубав поглед кон двете езера.
Планинарска тура започнува во недела во 8:30 часот од СРЦ „Билјанини извори, со обезбеден бесплатен автобуски превоз до превојот „ Баба“ и пешачење до врвот „ Лако сигној“ на 1981метри надморска височина, а во исто време од истото место почнува велосипедска тура преку Велестово- Крстец-Асанѓура.
По завршување на турите, во 14:30 часот за учесници и за сите присутни во Охрид, ќе биде организирана забава крај брегот на езерото, кај Центарот за обука на вода, на која ќе настапи охридскиот бенд BALTER.
За безбедноста на учесниците за време на бесплатните тури, ќе се грижат тимови од Планинската спасителна служба при Црвен крст- Охрид, а ќе ги водат професионални водичи во планина.
Сите заинтересирани треба да поседуваат лична опрема за планина, соодветна на временските услови, а своето учество можат да го пријават на patagonia.ohrid@gmail.com , со назнака за велосипедска или планинарска тура.
Линк до FB страницата на „OHRID OUTDOOR FESTIVAL“
Носител: Комисија за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија
Носител: Сојуз на борци, Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.
Носител: Завод и музеј, Печатница “Коста Абраш” во соработка со Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: Завод и музеј, МПЦ и други релевантни културни институции во соработка со Комисијата за одбележувањe празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Носител: НУ Центар за култура, НУ Градска библиотека, ОУ Григор Прличев соорганизатор со Локалната самоуправа, Завод и музеј Охрид, во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија
Носител: НУ Центар за култура, НУ Градска библиотека, ОУ Григор Прличев, Завод и музеј Охрид, во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Општина Охрид и ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебрца Ве покануваат на одбележувањето на годишнината од смртта на Андон Дуков
28.02.2020 година (петок)
11.00 часот
- Полагање свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Андон Дуков;
- Обраќање на претседателот на ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебарца, г-дин Гоце Георгиески;
Место: спомен-обележје на Андон Дуков (градски парк)
Носител: Завод и музеј, Сојуз на борци –Охрид, во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Општина Охрид Ве поканува на свеченостите по повод јубилејот: 145 години од раѓањето на Кирил Прличев
28.02.2020 година (петок)
11.15 часот
- Историски час за ликот и делото на Кирил Прличев, Климент Спасески, проф. по историја;
- Културно – уметничка програма;
Место: Прличева одаја ( НУ Библиотека “Григор Прличев”)
Носител: НУ Центар за култура, НУ Градска библиотека, ОУ Григор Прличев, Завод и музеј Охрид, во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.