Носител: ПП бригада во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија
На ден 27.07.2019 година во организација на Амбасадата на Израел на Република Северна Македонија а со поддршка на Општина Охрид ќе организира изложба на фотографии Под наслов: Скокаме заедно.
Изложбата ќе се одржи на плоштадот кај Долна Порта ( х. Александрија) со почеток во 21.00 часот.
Традиционална туристичко – промотивна манифестација “Охридска софра 2019”, која има за цел да го промовира руралниот туризам и традиционалните јадења од охридскиот регион.
На 03.08.2019 година во организација на Здружението за промоција на културно – уметничките вредности Тактус – Охрид а во соработка со Општина Охрид ќе организаат концерт на германскиот интернационален младински оркестар Bedstone International Summer youth Orchestra Camp – BISYOC. Концертот е со почеток во 20.00 часот на просторот помеѓу ТЦ Амам и комплексот Летница.
На ден 04.08.2019 година со почеток во 19.00 часот, во организација на Амбасадата на Унгарија и Општина Охрид ќе се одржи фолклорен концерт на унгарското културно – уметничко друштво “Табан” . Концерот е организиран по повод Денот на Унгарците во Р.С.Македонија, а ќе се одржи на просторот помеѓу ТЦ Амам и комплексот Летница.
Фестивалот “Вино и сирење 2019”- Овој фестивал нуди одлична можност за локалните производители на вино и сирење да ги презентираат своите производи на пазарот. Во основа овој фестивал претставува своевиден мини саем на кој се презентираат виното и сирењето како дел од традиционалната македонска гастрономија, а заради неговата корисност се очекува да прерасне во значаен туристички настан во Охрид. Ваквиот тип на претстваување е одлична можност за презентација на новите техники на маркетинг и продажба, поттикнување на партнерски врски и воведување дополнителни стимулативни мерки.
“Денови на мед”. Преку оваа манифестација локалните производители имаат можност да ги презентираат своите пчелни производи, а истата ќе биде одлична можност за охриѓани и гостите во Охрид да вкусат квалитетен мед и производи од мед.
Ohrid craft expo. Целта на манифестацијата „Ohrid craft expo“ е да го промовира занаетчиството и занаетчиите, односно нивните производи и услуги, да го доближи занаетчиството до младите луѓе, до граѓаните и до институциите, да поттикне континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и можност за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните кои се занимаваат со занаетчиска дејност
Кајак кану клуб “СТРМЕЦ” Охрид во период од 15-17.Август.2019год. Охрид ќе организира и одржува ICF. 19-та МЕЃУНАРДНА РЕГАТА ВО КАЈАК И КАНУ НА МИРНИ ВОДИ – ОХРИД 2019год.
Пешачи со нас
Walk with us
EUROPEAN MOBILITY WEEK
16 – 22 Септември 2019 год.
Програма на Општина Охрид
- Понеделник 16.09.2019 10:00 – 11:30 ч.
Порака од најмладите „ Рака за рака “ – прошетка на деца од предшколска возраст, при што ќе биде затворен за сообраќај дел од ул. „Македонски Просветители“ од пресек со ул. „ Партизанска“ до пресек со ул.„ Коста Абраш“;
- Вторник 17.09.2019 10:30 – 12:00 ч.
Промоција на проектот кој е во соработка со ЗЕЛС и ГИЗ „ Паркинзи за велосипеди“ – на девет локации во Охрид ќе бидат поставени паркинзи за велосипеди;
- Среда 18.09.2019 од 12:00 ч.
Промоција на Планот за одржлива урбана мобилност ( ПОУМ на град Охрид ) – во просториите на Општина Охрид ;
- Четврток 19.09.2019 11:30 – 13:00
Реализација на проектот „ Паркирај го автомобилот – прошетај со нас“ – пешачење низ централно градско подрачје;
- Петок 20.09.2019 11:00 – 12.00 ч.
Реализација на проектот „ Исклучи го моторот и вози велосипед“ – велосипедско дефиле низ повеќе улици во централното градско подрачје на Охрид;
- Сабота 21.09.2019 од 11:00 – 14:00 ч.
„Промени се – паркирај правилно и прописно“ – централно градско подрачје, ќе бидат поделени флаери за подигање на свеста кај возачите за опасностите кои може да бидат предизвикани од неправилно паркираните возила кои можат да ги доведат во опасност децата, лицата со хендикеп, велосипедистите како и сите останати учесници во сообраќајот.
- Недела 22.09.2019 година
Реализација на проектот „ Светски ден без автомобили“ – затворени улици за сообраќај низ централно градско подрачје на град Охрид.